Рио де Жанеиро, често нарекуван и само Рио — втор по големина град во Бразил и 3. метропола во Јужна Америка, достигнувајќи максимални 6,3 милиони жители во внатрешноста на градот, правејќи го 6. по големина во Северна и Јужна Америка, а 26. во светот. Овој град бил главен град на Бразил скоро два века, од 1763 до 1815 во времетраењето на Португалската колониска ера, после 1815 до 1821та станува главен град на Обединетото Кралство на Португалија, Бразил и Алгарвеш. Рио де Жанеиро многу често е нарекуван the Cidade Maravilhosa, што во превод значи “Волшебниот град”. Рио де Жанеиро го претставува вториот по големина БДП (бруто-домашен производ) во земјата( а 30. по големина во светот во 2008 година) кој се проценува на близу 343 милјарди реали ( скоро 201 милјарди американски долари) и е седиште на двете големи Бразилски компании – Петробас и Вале, и големите нафтени компании и телефонија во Бразил, покрај најголемиот конгломерат на медиуми и комуникациски компании во Латинска Америка, Глобо Организации. Како дом на многу универзитети и институти Рио де Жанеиро е вториот по големина центар за истражување и развој во Бразил. Овој град е најпосетуваниот град во јужната полутопка и е познат по неговите природни опкружувања, славењето на карневалите, самба, Босанова и плажите како што се Бара де Тихука, Копакабана, Опанема и Леблон. Во прилог на плажите оди и најпознатата знаменитост, огромната статуа на Исус Спасителот ('Cristo Redentor') на врвот на планината Корковадо, оваа статуа е дел од Новите Седум Чуда на Светот. Потоа планината Шеќерна Глава, Самбадроме (област во која се стационирани повеќе училишта за самба танц и која се користи како авенија за време траење на Карневалот) и на крај Стадионот Маракана, еден од најголемите фудбалски стадиуми во светот. Летните олимписки игри во 2016 година ќе се одржат во Рио де Жанеиро, а со ова ќе се обележи првиот пат на Јужна Америка да биде домаќин на настан. Стадионот Маракана во Рио ќе биде исто така домаќин на финалниот меч за Светското првенство во фудбал во 2014 година. Во 2013 година Рио де Жанеиро е домаќин на Светскиот ден на младите.
мини|Знаме на Рио де Жанеиро Местоположба Рио де Жанеиро лежи на Бразилскиот Атлантски брег, близу до јужниот напоредник, чиешто крајбрежје е ориентирано од исток кон запад. Овој град е основан на мало заливче наречено Гуанабара, чијшто влез е местото наречено Шеќерна Глава. Центарот (Centro), јадрото на Рио, лежи на рамнините на западниот брег од заливот Гуанабара. Поголемиот дел од градот, најчесто именуван како Северната Зона (Zonа Norte), се протега на северозапад на рамнините составени од морски и континентални седименти, како и на околните ридови и неколку карпести планини. Јужната Зона (Zona Sul) на градот ги опфаќа плажите кои ги допираат ивиците на отвореното море, оваа зона е одделена од Центарот и од Северната Зона со помош на крајбрежните планини. Овие планини и ридишта се простираат од Сера де Мар до северозападниот антички планински венец кој ги основа јужните падини на Бразилските планински области. Големата Западна Зона (Zona Oeste), која долго време била отсечена поради непроодните планински терени, станала проодна и се здобила со нови патишта и тунели до крајот на 20 век. Популацијата во градот Рио де Жанеиро, опфаќајки 1,182.3 км2 е проценета на околу 6,100,000 жители. Додека популацијата во поширокиот круг на градот е проценета на околу 11-13 милиони жители. Рио беше главен град сè до 1960 кога Бразилија и го зема тоа место. Жителите на градот се познати како Кариоки. Официјална песна на Рио де Жанеиро е "Cidade Maravilhosa"( во превод значи “Чудесен Град”).
Клима Рио има тропска клима која има одлики како и тропската монсунска клима, според климатската класификација на Коопен, и многу често е карактеризирана со долги периоди на врнежи, најчесто од Декември до Март. Во внатрешните области на градот, температурата достигнува и над 40 °C и овие периоди се чести во летото, иако ретко траат долги периоди, додека максимална температура над 27 °C може да се случи на месечна база. Долж брегот, ветерот кој дува наизменично море-копно ја моделира температурата. Поради географската местоположба, градот е често изложен, посебно за времетраењето на есента и зимата, на ладни влијанија од Антарктикот, предизвикувајќи чести промени на времето. Најчесто во лето силните врнежи од снег предизвикуваат катастрофални поплави и лизгање на земјиштето. Планинските области регистрираат повеќе врнежи бидејќи тие се границите кои не дозволуваат влажните ветрови од Атлантикот да навлезат во внатрешноста. Се вели дека градот имал многу слана во минатото (во некои области во границите на државата Рио де Жанеиро паѓа град скоро секоја декада, а врнежи од снег 2 до 4 пати во еден век), но ова никогаш не е потврдено. Се вели дека во рамките на градот температурата може да достигне над 50 °C . Во жешките и сончеви денови на површината од асфалтот може дури да се зготви храна. Кога ова се случува луѓето(посебно децата и старите лица) кои не се свесни за потребните заштитувања во овој период можат да се разболат. Но за овие два случаи ваквите нерегистрирани “екстремни” температури се веројатно само урбани легенди. Просечната минимална годишна температура е 21 °C, просечната максимална годишна температура изнесува 27 °C, додека просечната годишна температура е 23 °C. Просечната годишна количина на врнежи изнесува 1,175 мм. Според записите на INMET (Instituto Nacional de Meteorologia во превод Национален институт за метеорологија), минималната температура која била евидентирана изнесувала 4.8 °C во јули 1928 во соседството на Кампо дос Афонсос а највисоката температурата изнесува 44 °C во февруари. Температурите под 10 °C се многу ретки во градот. Температурата варира во зависност од височината, далечината од брегот и видот на вегетација. Зимото носи благи зими и помала количина на врнежи отколку во летниот период. Просечната годишна температура на морето се движи околу 23 °C-24 °C, од 22 °C во периодот од Јули до Октомври до 26 °C во февруари и Март.
Историја Европејците првпат го населиле заливот Гуанабара на 1. Јануари 1502 година (одтаму и доаѓа називот Рио де Жанеиро во превод Јануарската Река).Поточно тоа го направила португалската експедиција под директива на истражувачот Гаспар де Лемос, капетан на брод кој бил дел од флотата на Педро Алвареш Кабрал. Наводно и познатиот Америго Веспучи бил дел од оваа експедиција како набљудувач на покана од Кралот Мигел I. Областа на Рио била населена од страна на население кои биле припадници на племињата Тупи, Пури , Ботокудо и Махакали.
Во 1555 година еден од островите на заливот Гуанабара, во денешно време познат како островот Вилегагнон бил окупиран од 500 Француски колонисти под дирекција на францускиот адмирал Николас Дуранд де Вилегегнон. Потоа Николас ја изградил тврдината Колигни на самиот остров трудејќи се да ја спроведе Француската Антарктичка колонија. Површината на градот Рио де Жанеиро првпат беше населена од страна на Португалците на 1 март 1565 година и градот бил именуван Сан Себастијан До Рио де Жанеиро, во чест на Св. Себастијан, кој бил светец кој го носел истото име и бил патрон на тогашниот португалски монарх Д. Себастио. Рио де Жанеиро било името на денешниот залив Гуанабара. До крајот на 18 век , на градот му се заканувале со напади најчесто од страна на Француските пирати, како што се Џон Франциц Дуклерк и Рене Дугеј Троин.
Во доцниот 17 век, во времетраењето на Шеќерната Ера, Бандеирантите пронајдоа злато и дијаманти со што Рио де Жанеиро стана многу по практично пристаниште за размена на богатство (злато, скапоцени камења, покрај шеќерот) од Салвадор, чие пристаниште е многу далеку на североисток. Па така во 1763 администрацијата на колонијата во Португалска Америка била преместена од Салвадор во Рио де Жанеиро. Градот првично останал главен град на колонијата до 1808 година, кога португалското кралско семејство и повеќето благородници од Лисабон, бегајќи од окупацијата на Наполеон во Португалија се преселиле во Рио де Жанеиро.Кралскиот капитал бил преместен во градот, кој патем станал единствениот Европски главен град,надвор од границите на Европа. Иако немало простор и урбана структура за да се приспособат стотици благородници кој се населиле наеднаш, многу жители едноставно мораа да бидат протерани од нивните домови. Подоцна е забележан голем прилив на Африкански робови кои емигрирале во Рио де Жанеиро, во 1819 година бројката на робови се движела на околу 145,000 а до 1840 бројот на робови достигна бројка од 220,000.
Кога принцот Педро I ја прогласил независноста на Бразил во 1822 година, тој реши да го задржи Рио де Жанеиро како главен град на неговата нова империја. Рио остана главен град на Бразил и по 1889 година, кога монархијата беше заменета со република. До раните години на 20 век, градот се протегаше до местото што денес е познато како Историскиот бизнис центар на устието на заливот Гуанабара. Гравитацијата на центарот на градот почна да се поместува сужно и западно до таканаречената Јужна Зона (Zona Sul) во раните години на 20 век, кога првиот тунел бил изграден под планините поточно сместен меѓу Ботафого и соседтската областа позната како Копакабана. Проширувањето на градот на север и на југ беше овозможено со засилувањето и електрификација на трамвајскиот транспортен систем во Рип после 1905 година. Природната убавина на Ботафого искомбинирана со славата на Копакавана Палас Хотелот, луксузен хотел во 1930-тите, му помогна на Рио да ја зголеми репутацијата која ден денес е зачувана, карактеризирајќи го Рио како град на забавите на плажа ( иако оваа репутација последниве години се препознава по насилството како резултат на трговијата со наркотици).Плановите за преместување на главниот град на нацијата беа многу често дискутирани, кога Џоселино Кубитчек беше избран за претседател во 1955 година, дел од ветувањата во својата изборна кампања беа и оние за изградба на нов главен град. Иако многумина мислеа дека ова беше само тактика во една изборна кампања, Кубитчек успеа да ја изгради Бразилија до крајот на 1960. На 21 Април истата година главниот град на Бразил беше официјално преместен од Рио де Жанеиро во Бразилија.
Помеѓу 1960 и 1975 година Рио беше град-држава познат под името Државата Гуанабара (именуван според истоимениот залив). Како и да е, поради административни и политички причини, претседателскиот налог го отргна федеративниот статус на градот и го спои градот со државата Рио де Жанеиро, онаа територија која го опкружуваше Рио а чиј главен град претходно бил градот Нитерио, во 1975 година. И ден денес, некои Кариоки се залагаат за враќањето на општинската автономија. Градот беше домаќин на Пан Американските Игри во 2007та година, а во 2014 ќе биде домаќин на финалниот меч за Светското Првенство во фудбал. На 2 Октомври,2009 година беше објавено дека во Рио ќе се одржат и Олимписките игри во 2016 година со тоа победувајќи ги крајните противници како што се Чикаго,Токио и Мадрид. Рио ќе биде првиот град домаќин на настан во Јужна Америка, а втор латинскоамерикански град (после Градот Мексико во 1968та година) да биде домаќин на игри. Овој град исто така ќе пречекува млади од цел свет во 2013 година бидејќи ќе биде организиран Светскиот ден на Младите.
Градски области
Градот најчесто е поделен на неколку области и тоа историскиот центар (Centro); туристичката и љубезна страна на Јужната Зона (Zona Sul); станбената Северна Зона (Zona Norte) и Западната Зона (Zona Oeste) со поновата област Барра да Тихука.
Центарот (Centro) (22°54′19.4112″Југ 43°10′37.6608″ Запад)