Арон Мој (роден на 15 септември 1990 во Сиднеј) — поранешен австралиски фудбалер, играч од средниот ред.

Клупска кариера Болтон Вондерерс Мој ја започнал својата кариера во Европа како младински стипендист во школата на англискиот клуб Болтон Вондерерс, откако бил забележан од Крис Сали.

Сепак, тој го напуштил Болтон без да забележи ниту еден настап за првиот тим на клубот, откако одбил да го продолжи договорот во јули 2010 година, барајќи поголема минутажа.

Сент Мирен thumb|left|Мој со Сент Мирен во 2011. На 23 октомври 2010 година, Мој му се приклучил на Сент Мирен, клуб од Шкотската Премиер лига, и дебирал истиот ден во поразот со 3–0 од Хартс. На 18 јануари 2011 година, го постигнал својот прв гол за светците, во повтрениот натпревар од четвртото коло на Купот на Шкотска, кој Сент Мирен го добил со убедливи 6–1 против Питерхед. Откако запишал 18 настапи и еден гол во сите натпреварувања, на Мој му бил понуден нов договор во април 2011 година, пред конечно да потпише продолжување за уште две години во мај.

Сезоната 2011-2012, за негова несреќа била обележана од стресната фрактура на грбот која што ја доживеал уште за време на претсезоната. Сепак, како што минувале месеците, неговото закрепнување започнало да оди добро. Откако посетил специјалист за се увери дека повредата е залечена, Мој се вратил во акција на 17 декември 2011 година, влегувајќи како замена, во ремито 1-1 против Мадервел. Во следниот натпревар, одигран на католички Бадник 2011, тој го постигнал својот прв првенствен гол за клубот против Ренџерс на Сент Мирен Парк во победата со 2-1.

Поради веќе споменатата повреда, втората сезона со Сент Мирен ја завршил со само 12 настапи, 8 во првенството и 4 во купот, и еден постигнат гол.

Вестерн Сиднеј Вондерерс thumb|left|Мој (лево) на претставувањето во Вестерн Сиднеј Вондерерс, заедно со Тарек Елрих и Квабена Апија Откако го напушти Сент Мирен со слободен трансфер, Мој се вратил во Австралија на 25 јуни и бил најавен како едно од трите инаугуративни засилувања на новиот клуб член на А-лигата, Вестерн Сиднеј Вондерерс. Тој го направил своето деби во воведниот натпревар од сезоната во ремито 0-0 против Сентрал Коуст Маринерс а на 23 февруари 2013 година, тој го постигнал својот прв гол, во победата со 1–0 над Перт Глори. Тој одиграл 23 настапи и постигнал еден гол во својата прва сезона со Вондерерс, кои го завршиле регуларниот дел од сезоната на првото место и се пласирале во големото финале во нивната инаугуративна сезона. Мој учествувал и во неговото второ последователно големо финале на А-лигата следната сезона; сепак клубот од неговиот роден град одново бил поразен во финалниот натпревар овојпат од Бризбејн Роар.

Мелбурн Сити Откако бил отпуштен од Вестерн Сиднеј Вондерерс на 21 мај 2014 година, истиот ден, било објавено дека тој ќе се придружи на еден од најголемите ривалите на клубот во А-лигата, Мелбурн Сити. Тој го постигнал својот прв гол против Брисбејн Роар, а исто така постигнал гол и на двата натпревари против неговиот поранешен клуб Вестерн Сиднеј Вондерерс. На крајот на сезоната, тој ја освоил титулата во А-лигата со Мелбурн Сити, притоа бил избран за играч на годината на клубот и бил најдобар стрелец на клубот за таа сезона (со 7 гола), а исто така имал и осум асистенции.

Мој станал најмладиот марки играч во историјата на А-лигата кога повторно потпишал со Мелбурн Сити за сезоната 2015–2016. На 29 септември, тој постигнал хет-трик против Хајделберг Јунајтед во четвртфиналето на ФФА купот, а два од погодоците биле постигнати со удар надвор од шеснаесетникот; со ова тој исто така станал прв играч на Сити кој постигнал хет-трик во ФФА купот. За време на неговиот престој во Мелбурн Сити, селекторот на австралиската репрезентација Анге Постекоглу го означил Мој како „најдобар и највозбудлив играч во А-лигата“, додека поранешниот голман на сокеросите Марк Боснич го опишал како „најдобриот австралиски играч од средниот ред кој игра било каде во светот“. Добрите игри на Мој не останале не забележани ниту од другите екипи ширум светот, па така Мелбурн Сити одбил една понуда од 2 милиони долари од клубот од Саудиска Арабија Ал-Наср. На 5 март 2016 година, тој му асистирал на Бруно Форнароли за два од неговите три гола за да стигне до 20 асистенции за сезоната; рекорд на сите времиња во А-лигата.

Манчестер Сити На 30 јуни 2016 година, Мој потпишал тригодишен договор со Манчестер Сити.

Хадерсфилд Таун Само шест дена по потпишувањето за Манчестер Сити, Мој бил позајмен Хадерсфилд Таун во Чемпионшип. Тој го направил своето деби за Хадерсфилд во нивната победа од 2–1 над Брентфорд на 6 август, и го постигнал својот прв гол за нив на 10 септември во победата со 1–0 над Лидс Јунајтед во дербито на Западен Јоркшир. На 28 ноември 2016 година, тој постигнал моментален израмнувачки погодок во поразот со 2–1 на домашен терен од Виган Атлетик. На крајот од регуларниот дел од сезоната навивачите на Хадерсфилд Таун го изгласале Мој за најдобар играч на сезоната, која завршила со промоција на териерите во Премиер лигата откако клубот бил победник во финалето на плејофот во кое го совладале Рединг по изведување на пенали; Мој бил еден од сигурните изведувачи за својата екипа.

На 15 јуни 2017 година, било објавено дека Хадерсфилд се договорил со Манчестер Сити да го потпише Мој на трајна основа. Надоместокот бил пријавен на 8 милиони фунти, со потенцијално зголемување на 10 милиони фунти во зависност од додатоците. Сити би имал и откупна клаузула за враќање на Мој. Трансферот бил финализиран на 30 јуни. Мој го направил своето деби во Премиер лигата за Хадерсфилд во нивниот прв натпревар од сезоната 2017–2018, победата од 3–0 над Кристал Палас, а самиот Мој учествувал во два од головите. Тој го постигнал својот прв гол во Премиер лигата една недела подоцна, единствениот гол во натпреварот со кој Хадерсфилд го победил Њукасл Јунајтед. На 21 октомври 2017 година, Мој го постигнал воведниот гол кога Хадерсфилд го изненадил Манчестер Јунајтед со 2–1 во пресметката во Премиер лигата на стадионот Џон Смит.

Во неговата трета сезона во Хадерсфилд, Мој одиграл 29 натпревари и 3 гола, но не можел да го спречи испаѓањето на териерите од Премиер лигата.

Брајтон На 8 август 2019 година, Мој се приклучил на Брајтон енд Хоув Албион на позајмица од Хадерсфилд Таун. Своето деби за галебите го направил влегувајќи како замена во ремито 1–1 на домашен терен против Вест Хем Јунајтед на 17 август. Првиот гол за клубот го постигнал на 28 декември 2019, во победата со 2-0 на домашен терен над Борнмут.

На 24 јануари 2020 година, Мој направил постојан трансфер во Брајтон потпишувајќи договор на три и пол години.

Шангај СИПГ На 28 август 2020 година, било објавено дека Мој потпишал за кинескиот клуб Шангај СИПГ, откако тие ја активирале ослободителната клаузула во неговиот договор од 4 милиони фунти. Менаџерот на Брајтон, Греам Потер рекол по неговото заминување „навистина уживав да работам со него, и во име на сите во клубот би сакал да му се заблагодарам за неговиот придонес и да му посакам добро во иднина“.

Дебитирал во кинеското првенство на 15 септември 2020 во победата со 1-2 на гостувањето кај Вухан, постигнувајќи го притоа вториот од погодоците на неговиот тим.

Селтик На 19 јули 2022 година, Мој му се приклучил на Селтик потпишувајќи двегодишен договор со клубот.

Репрезентативна кариера

Мој имал право да ги претставува Германија или Холандија преку неговите родители.

Во периодот 2008 и 2009 година, Мој одиграл 10 натпревари и постигнал четири гола за австралиската репрезентација под 20 години. Тој играл на Светското првенство за играчи под 20 години, каде настапил во два натпревари од групната фаза пред Австралија да биде елиминирана, постигнувајќи гол во неговиот втор натпревар против Бразил. Тој бил повикан во сениорската репрезентација во август 2009 година.

Кон крајот на 2011 година, Мој изјавил дека сака да игра за Австралија на Летните олимписки игри 2012, сепак, тие биле неуспешни во нивната квалификациска кампања за Лондон 2012.

На 7 декември 2012 година, тој го направи своето деби за сениорската репрезентација против Гуам постигнувајќи гол од слободен удар за да го отвори резултатот во натпревар во кој Сокеросите победиле со 9-0. Во следниот натпревар против Кинески Тајпеј, Мој повторно постигнал гол од слободен удар кога Сокерос победиле со 8–0 и се квалификувале за ЕАФФ источноазискиот куп.

На 11 март 2015 година, тој бил избран во составот за натпреварите против Германија и Македонија. На 3 септември 2015 година, тој го постигнал петтиот гол во победата со 5–0 над Бангладеш во квалификациите за Светското првенство 2018 во Перт. Како еден од главните играчи на Австралија во овој квалификациски циклус, Мој им помогнал на Сокерос да стигнат до завршниот турнир во Русија со успехот над Хондурас во интерконтиненталниот плејоф, завршен со вкупен резултат 3-1 за Австралија.

Во мај 2018 година, тој бил избран во австралискиот состав од 23 играчи за Светското првенство 2018 во Русија, правејќи го своето мундијалско деби на 16 јуни во Казањ во поразот со 2-1 од подоцнежниот светски првак Франција во првиот натпревар од групата. Мој ги одиграл целосно и другите два натпревари на Австралија против и , но Сокерос биле елиминирани откако освоиле само еден бод во групната фаза.

Четири години подоцна, тој ја претставувал Австралија на своето второ светско првенство во Катар 2022. Како и пред четири години, тој играл во сите натпревари на својата земја во фазата по групи, но овојпат Австралија имала повеќе среќа; иако почетокот бил идентичен како и на претходното првенство, со пораз од Франција, потоа тие ги совладале и со 1-0 и како втори зад триколорите минале во осминафиналето каде се сретнале со . Мој го одиграл целиот натпревар против гаучосите, во кој неговата репрезентација загубила со 2-1 и го завршила настапот на катарското првенство.

Хронологија на репрезентативните настапи

Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 2 ноември 2022.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2010-2011 Сент Мирен ШПЛ 13 0 КШ+ЛК 5+0 1+0 - - - - - - 18 1 2011-2012 ШПЛ 8 1 КШ+ЛК 4+0 0+0 - - - - - - 12 1Вкупно Сент Мирен 21 1 9 1 - - - - 30 2 2012-2013 Вестерн Сиднеј Вондерерс АЛ 22+1А-лига финална фаза 1+0 - - - - - - - - - 23 1 2013-2014 АЛ 23+2 3+0 - - - АЛШ 5 1 - - - 30 4Вкупно Вестерн Сиднеј Вондерерс 45+3 4+0 - - 5 1 - - 53 5 2014-2015 Мелбурн Сити АЛ 25+2 7+0 - - - - - - - - - 27 7 2015-2016 АЛ 24+2 11+0 КА 4 6 - - - - - - 32 17Вкупно Мелбурн Сити 49+4 18+0 4 6 - - - - 59 24 2016-2017 ФЛЧ 45+3Плејоф 4+0 ФАКуп+ЛК 2+1 0+0 - - - - - - 51 4 2017-2018 ПЛ 36 4 ФАКуп+ЛК 1+1 0+0 - - - - - - 38 4 2018-2019 ПЛ 29 3 ФАКуп+ЛК 0+1 0+0 - - - - - - 30 3 авг. 2019 ФЛЧ 1 0 ФАКуп+ЛК 0+0 0+0 - - - - - - 1 0Вкупно Хадерсфилд 81+3 11+0 6 0 - - - - 90 11 2019-2020 ПЛ 31 2 ФАКуп+ЛК 0+1 0+0 - - - - - - 32 2 2020 Шангај СИПГ КСЛ 4+6 1+0 КК 1 0 АЛШ 6 0 - - - 17 1 2021 КСЛ 13 5 КК 1 0 - - - - - - 14 5Вкупно Шангај СИПГ 17+6 6+0 2 0 6 0 - - 31 6 2022-2023 ШПЛ 29 4 КШ+ЛК 4+4 3+0 ЛШ 5 0 - - - 42 7Вкупно во кариерата 289 46 30 10 16 1 - - 335 57

Титули Клупски Мелбурн Сити ФФА куп : 1 2016

Селтик Премиер лига на Шкотска : 1 2022-2023 Куп на Шкотска : 1 2012-2023 Лига куп на Шкотска : 1 2022-2023

Поединечни Австралиски фудбалер на годината : 3 2016, 2017, 2018 Фудбалер на годината на Хадерсфилд Таун : 1 2016-2017

Наводи

Надворешни врски

Арон Мој на soccerway Арон Мој на transfermarkt Арон Мој на whoscored Арон Мој на worldfootball

Категорија:Австралиски фудбалери Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Фудбалери на ФК Хадерсфилд Таун Категорија:Фудбалери на ФК Брајтон енд Хоув Албион Категорија:Фудбалери на ФК Селтик Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1990 година