Соколански парк — градски парк во Куманово кој има површина од околу 7000 м2. Паркот се наоѓа во близина на Соколанскиот дом и затоа го носи неговото име.

Географија и местоположба Соколанскиот парк се наоѓа во средишниот дел на Куманово. Јужно од Соколанскиот парк се наоѓа Соколанскиот дом, додека на запад од него се наоѓа ОСТУ „Наце Буѓони“ и Спортскиот комплекс Соколана.

Историја Во 2018 година било спроведено обновување на паркот од страна на претпријатиетo „Чистота и зеленило“.

Галерија

Наводи

Надворешни врски Соколанскиот парк на geoview.info Соколанскиот парк на mapcarta.com

Категорија:Знаменитости во Куманово Категорија:Паркови во Македонија