Стандардните анатомски термини за локација се користат за недвосмислено да се опише анатомијата на животните, вклучително и луѓето. Термините, кои вообичаено се изведени од латински или грчки, опишуваат нешто во неговата стандардна анатомска позиција. Оваа позиција дава дефиниција за тоа што е напред ("антериор"), назад ("постериор") и.т.н. Телото се опишува со помош на анатомски рамнини и анатомски оски.

Рамнини thumb|right|299px|Анатомски рамнини кај луѓето

Анатомските термини опишуваат структури во однос на четири анатомски рамнини:

Медијална рамнина, која го дели телото на лево и десно. Таа минува низ главата, ’рбетниот мозок, папокот, и, кај многу животни, низ опашката. Сагитални рамнини, кои се паралелни на медијалната. Фронтална рамнина, која се нарекува и коронална рамнина, која го дели телото на напред и назад. Хоризонтална рамнина, позната и како трансверзална рамнина, е нормална на претходните. Кај луѓето оваа рамнина е паралелна со подот; кај четвороножците, го дели телото на антериорен и постериорен дел.

Главни термини

Супериорно и инфериорно Супериорно () го опишува она што е над нешто и инфериорно () го опишува она што е под него. На пример, најсупериорен дел од телото е главата, а најифериорен се стапалата. Како втор пример, кај луѓето, вратот се наоѓа супериорно во однос на градниот кош, но инфериорно во однос на главата.

Антериорно и постериорно Антериорно () го опишува она што е напред, и постериорно () го опишува она што е зад нешто. На пример, кај куче носот се наоѓа антериорно во однос на очите, а опашката се смета за најпостериорен дел.

Медијално и латерално Овие термини опишуваат колку нешто е блиску до медијалната рамнина. Латерално () опишува нешто што се наоѓа странично. Медијално () опишува структури блиску до средишната линија, или кои се поблиску до средишната линија во однос на други структури. На пример, кај луѓето, рацете се наоѓаат латерално во однос на торзото. Гениталиите се наоѓаат медијално во однос на нозете.

Проксимално и дистално Термините проксимално () и дистално () се користат за опишување на оддалеченоста на делови во однос на главната маса на телото. Така, раката кај луѓето се наоѓа проксимално, а дланката дистално.

Наводи

Литература

Категорија:Анатомија Категорија:Медицински поими