„Љубов и мода“ (српски: Љубав и мода) — филм на режисерот Љубомир Радичевиќ од 1960 година. Главните улоги ги играат: Беба Лончар, Мија Алексиќ, Миодраг Петровиќ Чкаља, Милош Жутиќ, Миќа Татиќ, Властимир Ѓуза Стојиљковиќ. Филмот ја прославил Беба Лончар која набргу заминала во странство, а исто така, во филмот се појавуваат и Иво Робиќ, Габи Новак и Арсен Дедиќ. Музиката од филмот стекнала култен статус, особено песната „Девојко мала“ која ја исполнува Стојиљковиќ.Љубав и мода (пристапено на 19.12.2022)
Синопсис За да заработат пари потребни за одржување на аеро-смотра, неколку студенти организираат модна ревија за претпријатието „Југошик“ при што се служат со ситни измами. Ревијата е успешна и никој не трпи штета, а на крајот, студентката Соња (ја игра Лончар) и модниот творец Бора ги решаваат своите несогласувања...
Наводи
Категорија:Српски филмови Категорија:Музички филмови Категорија:Југословенски филмови Категорија:Филмови на Авала филм Категорија:Филмови на српски јазик Категорија:Филмови на српскохрватски јазик Категорија:Филмови од 1960 година Категорија:Филмови на Љубомир Радичевиќ Категорија:Филмови со Властимир Ѓуза Стојиљковиќ Категорија:Филмови со Милош Жутиќ Категорија:Филмови со Миќа Татиќ Категорија:Филмови со Миодраг Петровиќ-Чкаља Категорија:Филмови со Мија Алексиќ Категорија:Филмови со Јанез Врховец Категорија:Филмови со Јелена Жигон Категорија:Филмови со Беба Лончар