Стеван Климев Иљоски (23 мај 1924 во Пештани, Охридско — 15 април 1945 во Врпоље, Хрватска) македонски партизан, учесник во НОБ.

Животопис Стеван Климев Иљоски е роден на 23 мај 1924 година во селото Пештани. Се занимавал со рибарство. Кон НОБ доброволно се приклучил на 29 август 1944 година. Во составот на Првата македонска ударна бригада учествува на Сремскиот фронт и како водник на вод загинува на позицијата кај Врпоље, на 15 април 1945 година.

Наводи

Категорија:Родени во 1924 година Категорија:Починати во 1945 година Категорија:Учесници во НОБ