Владе Иљов Јордески (31 јули 1921 во Требеништа, Охридско — 16 април 1945 во Врпоље, Хрватска) македонски партизан, учесник во НОБ.
Животопис Владе Иљов Јордески е роден на 31 јули 1921 година во селото Требеништа. Се занимавал со земјоделство. Кон НОБ се приклучил доброволно на 16 април 1944 година. Како борец на Втората ударна бригада, 1 чета, 3 баталјон, учествува на Сремскиот фронт и загинува кај Врпоље на 16 април 1945 година.
Наводи
Категорија:Родени во 1921 година Категорија:Починати во 1945 година Категорија:Учесници во НОБ