Иван Ристов Шаптески (20 јули 1925 во Велестово, Охридско —12 април 1945 во Товарник, Хрватска) македонски партизан, учесник во НОБ.

Животопис Иван Ристов Шаптески е роден на 20 јули 1925 година во селото Велестово. По занимање бил земјоделец. Кон НОБ доброволно пристапил на 3 септември 1944 година. Како борец во составот на Првата македонска ударна бригада, 1 чета. 2 баталјон, учествува на Сремскиот фронт и загинува храбро во борбите што ги води бригадата со германските и усташките сили кај Товарник, на 12 април 1945 година.

Наводи

Категорија:Родени во 1925 година Категорија:Починати во 1945 година Категорија:Учесници во НОБ