Владо Велјанов Велјаноски (4 јануари 1922 во Рамне, Охридско — 2 април 1945 во Винковци, Хрватска) македонски партизан, учесник во НОБ.

Животопис Владо Велјанов Велјаноски е роден на 4 јануари 1922 година во селото Рамне. По занимање бил општ работник. Доброволно стапил во НОБ на 3 септември 1944 година. Како борец на Првата македонска ударна бригада загинува на Сремскиот фронт кај Винковци, на 2 април 1945 година.

Наводи

Категорија:Родени во 1922 година Категорија:Починати во 1945 година Категорија:Учесници во НОБ