Васил Стефанов Тренески (1921 во Коњско, Охридско — 15 април 1945 во Винковци, Хрватска) македонски партизан, учесник во НОБ.

Животопис Васил Стефанов Тренески е роден во 1921 година во селото Коњско. По занимање бил земјоделец. Доброволно пристапува кон НОБ на 7 август 1944 година. Како борец на Првата македонска ударна бригада, 2 чета, 3 баталјон учествува на Сремскиот фронт и загинува храбро во борбата кај Винковци на 15 април 1945 година.

Наводи

Категорија:Родени во 1921 година Категорија:Починати во 1945 година Категорија:Учесници во НОБ