Олратски јазик, познат и како Олрат, ― поранешен океански јазик на островот Гауа, во северниот дел на Вануату. Исчезнал во 2009 година, со смртта на нејзиниот последен говорник Матен Вомал.François (2022).
Име Изворното име олрат (напишано на МФА како ) е ендоним. Роберт Кодрингтон споменува место јужно од селото Лакон под мотското име Улрата.Видете на страница 378 на: Неколку децении подоцна, Сидни Реј накратко го спомнал јазикот во 1926 година под истото мотско име ‒ но не дал јазичарски информации.Sidney Ray (1926), A Comparative Study of the Melanesian Island Languages, CUP, page 428.
Јазик лево|мини|250x250пкс| Во 2003 година, останале само тројца говорници на олратскиот, кои живееле на среднозападниот брег на Гауа.List of Banks islands languages. Нивната заедница го напуштила нивното внатрешно село Олрат во првата половина на 20 век и се споила во поголемото село Јолап каде лаконскиот е доминантен..François (2022).
Александр Франсоа го идентификува олратскиот како посебен јазик од неговиот непосреден лаконски сосед, на фонолошка, граматичка, и лексичка основа.
Фонологија Олрат има 14 фонемски самогласки. Тие се 7 кратки /i ɪ ɛ a ɔʊ u/ и 7 долги самогласки /iː ɪː ɛː aː ɔː ʊː uː/., .François (2022). +Олратски самогласки Предна Задна Речиси затворена ∙ ∙ Полузатворена ∙ ∙ Полуотворена ∙ ∙ Отворена ∙ Историски гледано, фонологизацијата на должината на самогласките потекнува од компензаторното издолжување на кратките самогласки кога звучната заднонепчена струјна согласка била изгубен-како слог на крај..
Граматика Системот на лични заменки во олратскиот ја спротивставува клузивноста и разликува четири броеви (еднина, двоина, троина, множина).François (2016).
Просторната референца во oлратскиот се заснова на систем на геоцентрични (апсолутни) насоки, што е вообичаено за океанските јазици.François (2015).
Наводи
Библиографија
.
Надворешни врски
Јазична карта на северен Вануату, што го прикажува опсегот на олратскиот на островот Гауа . Книга со традиционални приказни, еднојазична на олратски јазик (страница на лингвистот А. Франсоа) Пристап до аудио снимки со олратскиот јазик (дел од збирката Панглос, НЦНИ) Петиција да се создаде ISO код за Олрат Категорија:Јазици во Вануату Категорија:Загрозени јазици во Океанија Категорија:Торба (покраина) Категорија:Критично загрозени јазици Категорија:Торес-бенксови јазици