Дино Баџо (роден на 24 јули 1971 година во Кампсампјеро) — поранешен италијански фудбалер, играч од средниот ред. Во 1994 година бил светски вицешампион со репрезентацијата на Италија.
Тој е играчот со најмногу постигнати голови во финалињата на Купот на УЕФА/Лигата на Европа (вкупно пет гола постигнати во две финалиња, но одиграни во два натпревари).
Наречен „Баџо 2“ од италијанскиот печат за да се разликува од неговиот сонародник Роберто Баџо, со кој биле соиграчи во и во националниот тим, во дресот на својата земја забележал 60 настапи со седум гола, а учествувал на две Светски првенства (1994 и 1998) и едно Европско првенство (1996).
Биографија И покрај тоа што имаат исто презиме, тој нема никаква роднинска врска со италијанскиот поранешен фудбалер и соиграч Роберто Баџо.
На 6 јули 2000, се оженил со поранешната танчерка и учесничка во телевизиската програма Non è la Rai, Марија Тереса Матеи. Со неа имаат две деца.
Технички карактеристики Дефанзивен играч од средниот ред сметан за сигурен додавач, физички силен, надарен со способност за многу трчање и дух на пожртвуваност, тој се истакнал во својата кариера по својата цврстина, енергија, издржливост и одземање на топката од противниците; одлики кој му овозможиле да стане еден од најдобрите италијански играчи од средниот ред во 90-тите години и стандарден репрезентативец во оваа декада. Благодарение на неговата тактичка флексибилност, тој бил способен да покрие каква било улога во средниот ред; всушност, и покрај тоа што играл главно во улогата на медијано со дефанзивни задачи, во текот на кариерата бил користен во речиси сите улоги на теренот.
Иако бил дефанзивен играч од средниот ред, тој исто така бил способен да придонесе и во офанзивната фаза на играта, благодарение на неговите вештини за уфрлање во празните простори, квалитетите во играта во воздухот и одличниот удар од далечина. Тој исто така имал добра поединечна техника и визија за играта што го направило способен да изведува прецизни додавања за своите соиграчи.
Клупска кариера
Своите први фудбалски чекори ги направил на петгодишна возраст на терените во Томболо, провинцијата Падова. На тринаесет години тој бил забележан од скаутите на . Токму во оваа екипа израснал во професионален фудбалер, а своето деби во Серија А го имал во натпреварот Торино-Лацио (0-0) одигран на 9 септември 1990 година; претходно тој забележал 3 настапи за Торино во шампионската сезона на клубот во Серија Б. Тој набрзо станал стартер во формацијата на биковите, завршувајќи ја сезоната 1990-1991 со 25 настапи и еден гол, освојувајќи го притоа со клубот и Митропа купот 1991 иако во ова натпреварување тој ниту еднаш не излегол на терен. Во 1991 година, тој бил продаден на градскиот ривал Јувентус за 9,8 милијарди лири, кој го позајми на Интер за една сезона, во текот на која младиот играч од средниот ред одиграл 27 натпревари и постигнал еден гол.
Враќајќи се во Јувентус во летото 1992 година, тој го направил своето деби во натпреварот од првата рунда на Купот на Италија на домашен терен против во победата на домашен терен со 4-0, во која исто така го постигнал и својот прв гол за бјанконерите. Бидејќи претходно играл за градскиот ривал Торино, трансферот на Баџо во Јувентус првично нашол на негодување кај навивачите, меѓутоа, со неговата цврстина и одличните постојани игри тој набрзо станал столб во средниот ред на Јувентус и брзо ги придобил нивните симпатии. Често наречен Баџо 2 за да се разликува од својот попознат и постар соиграч Роберто Баџо, својот прв погодок за Јувентус во Серија А, тој го постигнал во победата со 5-1 над Анкона. Неговиот највпечатлив момент за време на првата сезона со бјанконерите дефинитивно било финалето на Купот на УЕФА 1992-1993 против во кое тој се појавил како изненадувачки стрелец давајќи огромен придонес за освојувањето на титулата со три гола: тој постигнал еден гол во првиот натпревар во Дортмунд кој завршил со победа на Јуве од 3-1, додавајќи уште два гола во победата со 3-0 во реваншот на Деле Алпи. Следната сезона со Јувентус го освоил второто место во првенството, но настапите на Баџо драстично се намалиле по што тој одлучил да го напушти клубот во летото 1994 и да се пресели во на Невио Скала за 14 милијарди лири, потпишувајќи четиригодишен договор со клубот.
Во својата прва сезона тој освоил уште еден Куп на УЕФА, прв за Парма во историјата на клубот, против неговиот поранешен тим во финалето во кое Баџо уште еднаш бил во главната улога: во првиот натпревар кој завршил 1-0 за Парма голот бил негово дело, додека во реваншот тој ја анулирал почетната предност на Јувентус стекната со голот на Џанлука Вијали (1-1). Ова било доволно за да ја крене неговата втора титула во европските натпреварувања високо кон небото, во исто време трета за Парма. Тој останал еден од главните играчи на Парма и во следните сезони под водството на тренерите Карло Анчелоти и Алберто Малезани. Со вториот, тој по трет пат во кариерата го освоил Купот на УЕФА совладувајќи го овојпат во финалето францускиот гигант Олимпик Марсеј со убедливи 3-0 во Москва. На патот до титулата, во првиот натпревар од осминафиналето против полската екипа Висла Краков, Баџо бил ранет во главата од нож фрлен од навивач поради кој добил пет конци. Поради ова, Висла била суспендиран од европските купови на една година. Во истата 1999 година, Парма го освоила и Купот на Италија победувајќи ја Фјорентина во финалето, а во август триумфирале и во Суперкупот на Италија со победа над шампионот на земјата Милан.
За време на натпреварот Парма-Јувентус одигран на 9 јануари 2000 година, во момент кога двата клуба биле замешани во битка за шампионската титула, тој направил прекршок над Џанлука Ѕамброта, санкциониран со црвен картон од страна на судијата Стефано Фарина, по што уследил гест на Баџо со триење на палецот и показалецот како бројач за пари и плукање на земја.Dino Baggio dà del venduto all'arbitro, Bergamo lo difende da Corriere della Sera, 10 јануари 2000 Тоа му донело суспензија од два натпревари (иако првично биле шест) и казна од Парма во вредност од 20 милиони лири, пропуштајќи го исто така пријателскиот натпревар на репрезентацијата против на 23 февруари 2000 година со одлука на Лучано Ницола, тогашен претседател на FIGC. Од тој момент, Баџо повеќе никогаш не бил повикан во репрезентацијата, прескокнувајќи го и следното Европско првенство во Белгија и Холандија. Со 240 натпревари во дресот на Парма, моментално се наоѓа на 14-тото место на списокот на играчи со најмногу настапи за клубот
thumb|left|250px|Баџо со Блекбурн Роверс во 2003. Во октомври 2000 година, тој бил купен од актуелниот италијански шампион, , но по две сезони поминати во Рим во 2003 година бил позајмен на англискиот . Дебитирал во Премиер лигата на 13 септември, влегувајќи како замена во поразот на домашен терен со 3–1 од Ливерпул. Менаџерот на Баџо во Блекбурн, Греам Сунес, го користел во дотогаш за него нова непозната улога со повеќе напаѓачки задачи, што сепак, не ги дало очекуваните резултати и негативно се одразило на неговите настапи. Тој забележал само 9 настапи вкупно за Роверс, постигнувајќи еден гол во поразот од 2–1 од Лидс Јунајтед во првенството, пред неговата позајмица да биде прекратена во јануари 2004.
Откако предвреме завршила неговата авантура во странство, тој се вратил во Италија и бил позајмен до крајот на сезоната 2003-2004 на новопромовираниот член на Серија А, Анкона. Целта на клубот била да доведе во јануарскиот преоден рок неколку искусни и проверени играчи како Баџо кои би помогнале да излезе од зоната за испаѓање во која бил западнал уште на почетокот од првенството. Сепак, Баџо не успеал да ја исполни мисијата со која дошол во Анкона, да го спаси клубот од испаѓање, по што тој се вратил во Лацио, каде што бил ставен на маргините на првиот тим толку многу што заедно со неговиот соиграч Паоло Негро подигнале тужба за мобинг против претседателот на клубот Клаудио Лотито.Le grane dell'era Lotito, da lalaziosiamonoi.it, 2 јули 2009
Во 2005 година се преселил во Триестина, за да ја рестартира својата кариера со ново искуство во Серија Б; по само три настапи во октомври одлучил, да го раскине договорот со клубот и да се пензионира.
Во февруари 2008 година, две и пол години по неговото наводно пензионирање, тој се вратил на фудбалот. На возраст од речиси триесет и седум години играл во Терца категорија, во тимот на Томболо во кој и ја започнал својата кариера, чиј тренер бил неговиот прв тренер, Чезаре Кривеларо.
Во Серија А одиграл 333 натпревари постигнувајќи 25 голови. Во европските купови има 73 натпревари со тринаесет гола.
Репрезентативна кариера Млади репрезентации Со репрезентацијата до 21 година, предводена од Чезаре Малдини, тој го освоил Европско првенство за играчи под 21 година во 1992 година, а истата година учествувал на Олимпијадата во Барселона.
Сениорска репрезентација
Повикан од новиот селектор Ариго Саки, тој го направил своето деби за сениорската репрезентација на 21 декември 1991 година, на 20-годишна возраст, започнувајќи во последниот натпревар од Квалификациите за Европското првенство 1992, победата со 2-0 против Кипар во Фоџа. Својот прв гол за Аѕурите го постигнал на 24 февруари 1993 година, во Порто, Португалија, во натпревар од Квалификациите за Светското првенство 1994 во кој италијанците го совладале домаќинот со 3-1.
Откако станал стартер во репрезентацијата, тој формирал партнерство во средишниот дел на средниот ред со Деметрио Албертини, кој бил на иста возраст како и тој. Учествувал на Светското првенство 1994 во САД, каде што бил протагониста со два постигнати гола: во победите против Норвешка (1-0) во групната фаза и Шпанија (2-1) во четвртфиналето. Се појавил на теренот во сите седум натпревари на Италија на Мундијалот и играл како стартер во финалето на 17 јули 1994 година, во кое загубиле на пенали од .
Учествувал и на следното Европско првенство 1996 во Англија, каде Италија била елиминирана во првата фаза. На овој настан, сепак, тој излегол на терен само во вториот натпревар од групата, кој италијанците го загубиле со 2-1 од . Потоа, со селекторот Чезаре Малдини, Баџо учествувал и на Светското првенство 1998, каде што бил стартер во петте натпревари на Италија која била елиминирана во четвртфиналето, по изведувањето на пенали, од домаќинот .
Тој одиграл неколку натпревари за Италија и под водството на следниот селектор Дино Ѕоф, кој ја презел клупата од Малдини во летото 1998. Бил репрезентативец сè до пријателскиот натпревар одигран на 13 ноември 1999 година, поразот од Белгија (1-3) во Лече, кој останал неговиот последен натпревар во синиот дрес.
За својата репрезентација забележал вкупно 60 настапи и 7 голови.
Хронологија на репрезентативните настапи
Статистика Клупска статистика Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 1989-1990 Б 3 0 КИ 0 0 - - - - - - 3 0 1990-1991 А 25 2 КИ 6 0 МК 0 0 - - - 31 2Вкупно Торино 28 2 6 0 0 0 - - 34 2 1991-1992 А 27 1 КИ 5 1 КУ 2 0 - - - 34 2 1992-1993 А 32 1 КИ 7 3 КУ 9 5 - - - 48 9 1993-1994 А 17 0 КИ 2 0 КУ 6 0 - - - 25 0Вкупно Јувентус 49 1 9 3 15 5 - - 73 9 1994-1995 А 31 6 КИ 7 1 КУ 11 5 - - - 49 12 1995-1996 А 28 4 КИ 1 0 КПК 4 1 СИ 1 0 34 5 1996-1997 А 31 2 КИ 1 0 КУ 2 0 - - - 34 2 1997-1998 A 29 5 КИ 6 0 ЛШ 82 настапи во квалификациските кола. 0 - - - 43 5 1998-1999 А 29 2 КИ 5 0 КУ 8 0 - - - 42 2 1999-2000 А 24+1Во баражот за 4. место. 0+0 КИ 0 0 ЛШ+КУ 2+7 0+1 СИ 1 0 35 1 јул.-сеп. 2000 А 0 0 КИ 2 0 КУ 1 0 - - - 3 0Totale Parma 173 19 22 1 43 7 2 0 240 27 окт. 2000-2001 А 25 1 КИ 1 0 ЛШ 0 0 - - - 26 1 2001-2002 А 15 0 КИ 3 0 ЛШ 31 настап во квалификациските кола. 0 - - - 21 0 2002-2003 А 4 0 КИ 3 0 КУ 8 0 - - - 15 0 2003-јан. 2004 ПЛ 9 1 ФАКуп 1 0 КУ 2 0 - - - 12 1 јан.-јун. 2004 Анкона А 13 0 КИ 0 0 - - - - - - 13 0 2004-2005 А 0 0 КИ 0 0 КУ 0 0 СИ 0 0 0 0Вкупно Лацио 44 1 7 0 11 0 - - 62 1 2005-2006 Триестина Б 3 0 КИ 0 0 - - - - - - 3 0Вкупно во кариерата 347 25 50 5 73 12 2 0 472 42