Добре Исајловски (, - , ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и Југославија, учесник во НОВ на Македонија.

Животопис лево|мини|269x269пкс|Споменик на борците за слобода и жртвите на фашизмот од Леуново, меѓу кои е и името на Добре Исајловски. лево|мини|245x245пкс|Инфо табла во спомен паркот во Јајинци (денес во Белград), каде е стрелан и Добре Исајловски. Уште како дете заминал на печалба во Белград. Во почетокот работел како келнер, а во исто време и учел, така што успеал да се здобие со високо образование и да стане банкарски работник. Како печалбарски работник имал можност да се запознае со сите тешкотии на печалбарскиот живот, со експлоатацијата и обесправеноста на работничката класа и со се она што го носеле со себе буржоазијата и ненародниот режим. Рано се вклучил во младинското и синдикалното движење, учествувајќи во разни штрајкови, демонстрации и во други активности што ги организирала КПЈ. Како признание за својата неуморна револуционерна работа, во 1940 година, бил примен за член на КПЈ. Непосредно пред војната бил мобилизиран, а по капитулацијата на кралската југословенска војска паднал во заробеништво како резервен потпоручник. Набрзо, како и повеќето Македонци, бил ослободен, а потоа преку Софија повторно заминал во Белград каде што веднаш се вклучил во револуционерното движење на Белград. Во ноември 1941 година, веќе бил секретар на една партиска ќелија, а подоцна бил провален, уапсен од Гестапо и стрелан во декември 1942 година во Јајинци.

При иследувањето во затворот, како и непосредно пред стрелањето, херојски се држел. Иако многу знаел за белградската партиска орrанизација, тој никого не предал. Токму затоа уште повеќе бил мачен од полицијата.

Наводи

Категорија:Македонски партизани Категорија:Учесници во НОБ