P2Y 12 е хеморецептор за аденозин дифосфат (ADP). Рецепторот P2Y 12 е вклучен во тромбоцитната агрегација и затоа е биолошка цел за третман на тромбоемболии и други нарушувања на коагулацијата.
Овој рецептор припаѓа на класата Gi од групата на G белковина-споени (GPCR) пуринергични рецептори. Оваа фамилија на P2Y рецептори има неколку подтипови на рецептори со различна фармаколошка селективност, која во некои случаи се преклопува за различни нуклеотиди на аденозин и уридин.
Во областа на пуринергичното сигнализирање, рецепторот P2Y 12 се наоѓа главно, но не исклучиво на површината на тромбоцитите, и претставува важен регулатор во згрутчувањето на крвта. Во централниот нервен систем, овој рецептор е пронајден исклучиво на површината на микроглија клетките, каде што е има улога во различни физиолошки и патолошки активности на микроглија клетките, како на пример следење на фунцкијата на невроните и заштита на невроните (невропротекција).
Инхибитори на рецепторот P2Y12 Лековите клопидогрел (Плавикс), прасугрел (Ефиент), тикагрелор (Брилинта) и кангрелор (Кенгреал) и ја спречуваат неговата активација и дејство. Овие лекови се продаваат како антитромбоцитни агенси.
За акутен коронарен синдром Комбинацијата од инхибитор на P2Y 12 и аспирин, наречена двоен антитромбоцитен третман претставува третман од прва линија за акутен коронарен синдром. Рандомизирано испитување од 2019 година (ISAR-REACT-5 студија) сугерираше дека прасугрел е супериорен во однос на тикагрелорот.
Антитромбоцитен третман на СТЕМИ Кај пациенти кои се подложени на примарна перкутана коронарна интервенција (PCI) за миокарден инфаркт со покачување на ST сегментот (STEMI), упатствата за лекување од САД, европските упатства, како и канадските препорачуваат администрација на инхибитор на P2Y 12 веднаш штом можно, иако не е јасно дали администрацијата на овие лекови пред пациентот да пристигне во болница дава дополнителни придобивки во споредба со администрацијата на лекот во болница.
Од друга страна, инхибиторите на P2Y 12 не го менуваат ризикот од смрт кога се даваат како предтретман пред рутински PCI кај луѓе кои имале миокарден инфаркт без ST-елевација (NSTEMI), иако, кај повеќето пациенти со NSTEM е потребен третман со инхибитор на P2Y12 во период до 12 месеци. Сепак, во ваков случај постои зголемен ризик од крварење и истовремено намален ризик од дополнителни кардиоваскуларни проблеми. Поради ова, нивната рутинска употреба во овој контекст е од сомнителна вредност.
Мрежна мета-анализа на 37 студии во кои беа вклучени 88.402 пациенти со STEMI и 5.077 пациенти со големи несакани срцеви настани (англиски: major adverese cardiac events, MACE) покажа дека употребата на прасугрел е поврзана со помала смртност и помалку големи несакани срцеви настани во споредба со другите лекови од оваа класа (клопидогрел и тикагрелор).
Наводи
Категорија:Гени на хромозомот 3