Гаве Лазаревски (, - ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија, учесник во НОВ на Македонија.
Животопис лево|мини|269x269пкс|Споменик на борците за слобода и жртвите на фашизмот од Леуново, меѓу кои се имињата на Гаве Лазаревски и неговиот син Лазар. Како и другите негови соселани, многу рано ги запознал сите маки и голготи на сиромаштијата и печалбарството. Токму затоа активноста на неговиот син Лазар Лазаревски во народноослободителното движење не му била туѓа, туку напротив, го поттикнувал, самиот да се вклучи во неа. Тој бил меѓу првите повозрасни селани кои му пристапил на народноослободителното движење. Долго време работел како илегален одборник, па подоцна и како партизански курир. Често пати вршел мноrу задачи на прибирање храна, оружје и друго. Во летото 1943 година, вршејќи курирска работа и не знаејќи дека селото е блокирано од италијанските фашисти и од балистите, заедно со партизанот Момир Марковски од Никифорово, дека упаѓаат вооружени во селото. Тогаш двајцата биле фатени и стрелани пред своите куќи и пред очите на своите семејства.
Една улица во Гостивар, е именувана по него.
Поврзано
Лазар Лазаревски
Наводи
Категорија:Македонски партизани Категорија:Учесници во НОБ