Помошник на претседателот на САД за национална безбедност (англиски: Assistant to the President for National Security Affairs APNSA), или најчесто скратено како советник за национална безбедност (NSA) The National Security Advisor and Staff: p. 1. ― главен советник на претседателот на Соединетите Американски Држави за сите прашања поврзани со националната безбедност. Тој е член на Советот за национална безбедност на САД кој е дел од Извршната канцеларија на претседателот на САД. Канцеларијата на советникот за национална безбедност се наоѓа во западното крило на Белата куќа.

Советникот за национална безбедност го назначува претседателот, а потоа не треба да биде изгласан од Сенатот. Ако за оваа функција се именува генерал со три или четири ѕвезди, Сенатот треба да го потврди воениот чин. Советникот за национална безбедност учествува на состаноците на Советот за национална безбедност (НСК). Советникот за национална безбедност, исто така, заседава во Советот за домашна безбедност (ХСЦ).

Моќта и улогата на советникот за национална безбедност варира од администрација до администрација, но во суштина е човек на ЦИА во Белата куќа. Од 1953 година, овој функционер предводел специјална група за надгледување на тајните операции на ЦИА во странство, која во 1970-тите била трансформирана во Четириесетти комитет (Forty Committee).

За време на криза, советникот за национална безбедност работи во Собата за ситуации во Белата куќа и на претседателот му обезбедува најнови вести за кризата.

Актуелен советник за национална безбедност (од 20 јануари 2021) е Џејк Саливен.

Наводи

Надворешни врски

WhiteHouse.gov/NSC

Категорија:Советници за национална безбедност на САД Категорија:Дипломатија на САД Категорија:Помошници на претседателот на САД Категорија:Совет за национална безбедност на САД