Василиј Блажен (познат и како Василиј Јуродивен; Василиј, московски чудотворец; или Блажениот Василиј московски, јуродивен; ) ― руски православен светец од видот познат како јуродивен човек или „света будала“.
Живот лево|мини| Црквата „Св. Василиј“ во Москва е именувана по светецот. Роден е во кметско семејство во декември 1468 година на тремот на соборната црква „Богојавление“ во Јелохово (сега во Москва)."Blessed Basil of Moscow the Fool-For-Christ", Orthodox Church in America Неговиот татко се викал Јаков, а мајка му Ана.
Првично како чирак чевлар, отишол во Москва кога имал шеснаесет години. Таму им помагал на оние кои се срамеле да побараат милостина, а имале потреба од помош. Тој усвои ексцентричен начин на живот на крадење од продавници и давање на сиромашните за да ги срами скржавите и да им помогне на оние на кои им е потребна. Одел гол и си ставал синџири да му тежат. Го прекорил Иван Грозни што не обрнувал внимание во црквата. Се вели дека Василиј има дар на пророштво.
Кога умрел на 2 август 1552 или 1557 година, Свети Макариј, митрополит Московски, го отслужил неговиот погреб со бројно свештенство. Тој бил погребан во соборната црква „Св. Василиј“ во Москва, која била нарачана од Иван за спомен на неговото освојување на Казан, а подоцна била именувана за светецот. Василиј бил формално прогласен за светец во 1588 година. Неговиот празник е славен на 2 август (15 август, н.с.).
Поврзано
Јован Московски Јуродивост Пеколна икона Јован Ростовски Знак за противречност Ксенија Петербуршка
Наводи
Општи извори
Атвотер, Доналд и Кетрин Рејчел Џон. The Penguin Dictionary of Saints. 3-то издание. Њујорк: Penguin Books, 1993 година. .
Надворешни врски
Православна икона и синаксарион на Свети Василиј Московски Светиот и блажен Василиј, јуродивен московски од „Охридски пролог“
Категорија:Јуродивост Категорија:Руски светци Категорија:Руси од 16 век Категорија:Православни христијани од 16 век Категорија:Христијански светци од 16 век Категорија:Руси од 15 век Категорија:Православни христијани од 15 век Категорија:Починати во 1550-тите Категорија:Родени во 1460-тите Категорија:Починати во Москва