Партијата на европските социјалисти (ПЕС) ― социјалдемократска и прогресивна европска политичка партија.

ПЕС е составена од политички партии на државно ниво од сите земји-членки на Европската унија (ЕУ) плус Норвешка и Обединетото Кралство. Меѓу поголемите партии кои се членки на ПЕС се: Социјалдемократската партија на Германија, Француската социјалистичка партија, британската Лабуристичка партија, Италијанската демократска партија, Социјалистичката партија (Португалија), Романската Социјалистичко демократската партија и Шпанската социјалистичка работничка партија. Партиите од многу други европски земји и од средоземниот регион исто така се примени во ПЕС како придружни членки или набљудувачи. Повеќето партии-членки, соработници и набљудувачи се членки на пошироката Прогресивна алијанса или Социјалистичката интернационала.

Актуелен претседател на ПЕС е Стефан Левен, поранешен премиер на Шведска. Нејзина политичка група во Европскиот парламент е Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (S&D). ПЕС дејствува во Европскиот комитет на регионите и во Европскиот совет.

Партијата е основана во 1992 година како наследник на Конфедерацијата на социјалистички партии на Европската заедница (основана 1973)..

ПЕС има 33 членови и е единствената европска партија која вклучува партии од сите земји-членки на ЕУ.

Социјалдемократкиот сојуз на Македонија е придружна членка на ПЕС.

Наводи

Надворешни врски

Партијата на европските социјалисти, официјална веб-страница Пратеничка група на Партијата на европските социјалисти, официјална веб-страница Кампања на Европскиот младински план , официјална веб-страница Група на ПЕС во Комитетот на регионите, официјална веб-страница

Категорија:Социјалдемократски партии Категорија:Социјалистичка интернационала Категорија:Паневропски политички партии Категорија:Статии со текст на српски Категорија:Социјалистички партии Категорија:Политички партии основани во 1992 година Категорија:Партија на европски социјалисти