Ирачкиот бунт против Британците, познат и како Ирачки бунт од 1920 година или Голема ирачка револуција започнал летото 1920 година во Багдад со масовни демонстрации на Ирачаните и офицерите од поранешната Отоманска армија против Британците кои објавиле нова прераспределба на сопственоста на земјиштето и даноци за погребување во Наџаф. Бунтот се интензивирал кога се проширил во претежно шиитските региони по средниот и долниот тек на Еуфрат. Шеикот Мехди Ал-Калиси бил истакнат шиитски водач на бунтот. Британците го задушиле востанието со употреба на тешка артилерија и бомбардирање од воздух.Glubb Pasha and the Arab Legion: Britain, Jordan and the End of Empire in the Middle East, p7.
За време на револуцијата соработувале сунитските и шиитските верски заедници, помогнати и од поддршката на племенските заедници, граѓанството и многу ирачки офицери во Сирија.Atiyyah, Ghassan R. Iraq: 1908–1921, A Socio-Political Study. Цел на револуцијата било стекнување независност од британската власт и создавање арапска влада. Иако на почетокот бил успешен, Британците го задушиле бунтот во октомври 1920 година, а одредени неговите елементи опстоиле до 1922 година.
Последици За време на бунтот загинале 6.000 Tripp, Charles. до 10.000 "Our last occupation - Gas, chemicals, bombs: Britain has used them all before in Iraq", The Guardian, Jonathan Glancey, 19 April 2003, Retrieved 16.05.2012. Ирачани и околу 1.000 британски и индиски војници. Бунтот ги натерал британските власти драстично да ја преиспитаат својата стратегија во Ирак.
Новиот секретар за колонии, Винстон Черчил, донел одлука да ја смени администрацијата во Ирак. Во март 1921 година, на конференцијата во Каиро, британските претставници разговарале за иднината на Ирак. На крајот одлучиле да го постават Фајсал ибн Хусеин за крал на Ирак.Vinogradov, Amal. Фајсал за време на Првата светска војна соработувал со Британците во Арапскиот бунт и бил во добри односи со одредени важни функционери.Tripp, Charles. Британските власти, исто така, мислеле дека поставувањето на Фајсал за крал ќе го спречи Фајсал да се бори против Французите во Сирија што би ги нарушило британско-француските односи.
За Ирачаните, бунтот го поттикнал ирачкиот национализам. Тој придонел за дотогаш невидена соработка меѓу муслиманите шиити и сунити, иако оваа соработка прекинала по крајот на бунтот.
Поврзано
Конференција во Сан Ремо
Наводи
Категорија:Судири во 1920 година Категорија:Бунтови во Ирак Категорија:Востанија во Азија Категорија:Ирачко-британски односи