мини|Поглед кон врвот на Шреница Шреница (1.362 м.н.в.; , ) е планински врв сместен во западниот дел на џиновските планини во Полска, многу блиску до полско - чешката граница, во рамките на Националниот парк Карконоше. Неговото име потекнува од полскиот збор szron (мраз). Во близина на врвот се наоѓа метеоролошка станица. Врвот е без шума, така што и јужниот и северниот дел интензивно се користат за скијање.

Геологија и географија Планината е изградена од ситнозрнест гранит Атмосферските карпи кои се самостојно обликувании, како и огромните гранитни полиња покриени со мов, го покриваат источниот дел од падината.

Туризам На врвот има приватна планинарска куќарка, а на падината има планинарско засолниште ПТТК. До врвот се стигнува со лифт (дводелни со претоварна станица). На патеката има капацитети за скијање, вклучувајќи ски-лифтовиSudety Ski Infolinia [retrieved 2009-12-26] и столбови кои ги означуваат патеките за скијање во голите области без шума. Постојат три правци за скијање во спуст: Lolobrigida (4.444 m), Śnieżynka и FIS одобрени Trasa Zjazdowa. Сите тринго сочинуваат скијачкиот систем, чија должина изнесува околу 13 км.

Време На висина од 1 331 м н.в. има планинска метеоролошка станица, сопственост на Универзитетот во Вроцлав. Таа била основана и изградена во 1950 година.

Просечни годишни мерки добиени од станицатаJan Kwiatkowski: Klimat. In: Karkonosze polskie. Wrocław: Polska Akademia Nauk, 1985, p. 88-111. .

Просечна температура од 12 последователни месеци: -1,9 С Просечна температура во јануари (минимална година): -6,8 C Просечна температура во јули (максимална година): 10,0 C Максимални врнежи (максимални во годината): 177 јуни мм Минимални врнежи (минимални во годината): 72 јануари мм Релативна влажност: 80% Магла: 264 дена во годината Сончево: 29 дена

Наводи

Категорија:Планини во Чешка Категорија:Планини во Полска Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Меѓународни планини во Европа