мини|Џовани Бадино во 2006 година, додека го истражувал рудникот Рудник Наика е рудник во мексиканската држава Чивава. Се наоѓа во градот Наика (Саусило). Наика е рудник на олово, цинк и сребро и е најпознат по своите извонредни кристали на селенит. Рудникот е управуван од Industrias Peñoles, најголемиот водечки производител во Мексико."Peñoles, the world's top producer of refined silver", Corporate profile, Retrieved June 15, 2019Maple mine, known also as Naica, "under Peñoles control since 1964.", Corporate mining operations, Retrieved June 15, 2019 За време на рударските операции, откриена е Пештерата на кристалите во која кристалите на селенит (гипс) достигнуваат должина од над 10 метри и дијаметар од повеќе од 2 метри. Во октомври 2015 година, компанијата Peñoles најави дека ќе ја прекине работата во рудникот на неопределено време поради неконтролираните поплави во пештерите.

Температурата во пештерите достигнува 58 °C, а влажноста на воздухот е над 90%, што го отежнува дишењето и го зголемува ризикот од задушување, па незаштитените истражувачи можат да останат во пештерата најмногу 10 минути. Секоја подолга посета на пештерите бара употреба на специјализирано одело со довод на кислород.

Кристалната пештера Кристалната пештера е пештера во варовнички карпи на околу 300 метри под површината на земјата. Внатре во пештерата има џиновски кристали од селенит, од кои некои се најголемите природни кристали некогаш пронајдени. Кристалите биле формирани од хидротермални води кои произлегуваат од подлабоките магма комори. Должината на најголемиот досега пронајден кристал е 11 метри, неговиот дијаметар е 4 метри, а тежи околу 55 тони. Температурата на воздухот во пештерата е исклучително висока и достигнува 58 степени °C со влажност од 90 до 99 проценти.

Пештерите се затворени за јавноста и тоа тешко дека ќе се смени, особено откако еден од работниците во рудникот се обидел да влезе во пештерата и да украде дел од селенитот, но се задушил и починал во влажната и непријатна атмосфера на пештерата. Откако ќе се направат доволно истражувања за кристалите, некои од коморите ќе бидат напуштени за да се поплават и ќе го продолжат процесот на растење на кристалите.

Пештера на мечеви Пештерата на мечевите е уште една пештера во рудниците Наика која исто така содржи селентни кристали, но многу помали, во должина до еден метар. Причината за нивната помала големина е тоа што тие се геолошки многу помлади кристали, а оваа пештера е откриена во 1910 година. години.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Рудникот Naica Рудникот Наица на Mindat.org Naica Project, сеопфатна веб-страница за Кристалните пештери со геологија, историја, фотографии и видеа

Категорија:Пештери Категорија:Рудници