мини| Медијална гонартроза МРТ-приказ на артритичен зглоб на коленото. Јасно се видливи остеофити (коскени израстоци) во медијалните и страничнитеобласти на зглобната празнина и абењето или абразијата на слојот на 'рскавицата во левиот дел од сликата. Коската на тибијалната глава во централното подрачје е набиена, како реакција на зголемениот механички стрес. Слојот на 'рскавицата ја изгубил функцијата за амортизирање. Артроза — дегенеративно заболување на зглобовите - абење на зглобот во степен кој го надминува оној кој е соодветен за одредена возраст.
Причината се смета прекумерен степен на оптоварување (на пример зголемена телесна тежина), вродени или трауматски причини како што се неусогласеност на зглобовите или коскена деформација поради болести на коските како што е остеопорозата. Артрозата може да се појави и како резултат на друга болест, на пример воспаление на зглобовите (артритис) (секундарна артроза) или да биде поврзана со прекумерна продукција на зглобна течност како резултат на прекумерно оптоварување на зглобот (секундарна воспалителна реакција) (активирана артроза).Arthrose. (PDF; 3,0 MB) Robert Koch-Institut (Hrsg.): Gesundheitsberichterstattung des Bundes. Heft 54, Berlin 2013.
За артрозата се употребуваат и други називи, особено во англоамериканската специјализирана литература, арторзата се означува како остеоартритис (OA), што не треба да се меша со ревматоиден артритис, хронична воспалителна автоимуна болест на зглобовите.
Во принцип, сите зглобови можат да бидат погодени од артротични промени. Артрозата често е локализирана во коленото.Robert Koch-Institut (Hrsg.): Gesundheit in Deutschland. Datentabellen. Gesundheitsberichterstattung des Bundes. Robert Koch-Institut. Berlin. Остеоартритисот е една од најчестите причини за консултација во општата медицинска пракса.W. Fink, G. Haidinger: Die Häufigkeit von Gesundheitsstörungen in 10 Jahren Allgemeinpraxis. In: ZFA – Zeitschrift für Allgemeinmedizin. 83, 2007, S. 102–108, doi:10.1055/s-2007-968157. Zitiert nach: Womit sich Hausärzte hauptsächlich beschäftigen. In: MMW-Fortschr Med. 16, 2007. Артрозата е најчеста болест на зглобовите (артропатија) во светот.N. Arden, M. C. Nevitt: Osteoarthritis: epidemiology. In: Best Practice & Research Clinical Rheumatology. Band 20, Nummer 1, Februar 2006, S. 3–25, . doi:10.1016/j.berh.2005.09.007. PMID 16483904. (Review).
Класификација Се прави основна разлика помеѓу примарна и секундарна артроза.
Во случај на примарна артроза, се работи за намален квалитет на 'рскавичното ткиво од нејасна причина. Секундарните артрози произлегуваат од механичко преоптоварување (на пример кај дисплазија на колкот), воспалителни промени (на пример кај артритис-воспаление на зглобот) или метаболички нарушувања (на пример кај хондрокалциноза или гихт).
Кај артрозата, првичното оштетување на 'рскавицата доведува во понатамошниот тек до промени во коската:
Во првиот стадиум, доаѓа до грубост и разредување на слојот на 'рскавицата, се појавуваат тангентни пукнатини. Во втората фаза, хијалинската 'рскавица се заменува со гранулационо ткиво и фибро'рскавица со послаб квалитет. Се формираат таканаречени псевдоцисти од некротична 'рскавица и коскено ткиво. Во третиот стадиум, улцерации (разјадувања) веќе се појавуваат, сврзното ткиво и хондроцитите пролиферираат (се размножуваат). Во четвртиот стадиум, коскената плоча на зглобот се израмнува. Со цел и понатаму да се апсорбира притисокот врз зглобот, на краевите на коската се формираат шилести израстоци (остеофити)
Причини мини|Зглобот на колкот - главната зона на механички стрес е прикажана со сина боја. мини|Дисплазија на зглобот на колкот - главната зона на механички стрес е значително намалена во споредба со нормалната варијанта. Врз основа на причината која доведува до постепено оштетување на зглобовите, се разликуваат различни типови на артроза. Таканаречената Arthrosis alcaptonurica се заснова на зголемено таложење на хомогентинска киселина во зглобовите со претходно постоечка состојба на алкаптонурија (наследно нарушување во метаболизмот на аминокиселините фенилаланин и тирозин). Кај хемофилната артроза, доаѓа до редовни крварења во зглобот кај лица со хемофилија. Уричната артроза (Arthrosis urica) е предизвикана од механичкото влијание на уратните кристали (урична киселина) врз здравата 'рскавица кај лица со гихт.W. Pschyrembel u. a.: Klinisches Wörterbuch mit klinischen Syndromen und einem Anhang Nomina Anatomica. 253. Auflage. Verlag Walter de Gruyter, 1977, ISBN 3-11-007018-9.
Класичната причина за артроза е зглобната дисплазија (недоволно развиен зглоб). Користејќи го колкот како пример (види ги сликите погоре), станува јасно дека механички најоптоварената зона во физиолошката положба на колкот е значително поголема површина отколку кај диспластичен колк. Помала зона врз која влијаат силите на механичко оптоварување доживува поголемо пристиспчно оптоварување отколку поголема зона. Затоа, биомеханичкото оптоварување на зглобната 'рскавица е поголемо кај диспластичен колк отколку кај нормален колк. Овој закон генерално се смета за причина за честото појавување на артротични промени во зглобовите кои отстапуваат од анатомската идеална форма.
Ако последиците од една повреда се одговорни за предвремено абење и кинење на зглобот, тогаш се работи за посттрауматска артроза.
Како други причини за секундарна арторза се сметаат механички, воспалителни, метаболички, хемиски (пример кинолонски антибиотици), трофички (исхрана на зглобот), хормонални, невролошки и генетски фактори. Во повеќето случаи, развојот на артрозата се смета за идиопатско, т.е. без моментално препознатлива причина.H. I. Roach, S. Tilley: The Pathogenesis of Osteoarthritis. In: F. Bronner, M. C. Farach-Carson (Hrsg.): Bone and Osteoarthritis. Band 4, Verlag Springer, 2007, ISBN 978-1-84628-513-4.
Причините за артроза поврзани со лекови може да бидат, на пример, антибиотици од класата на инхибитори на гираза (флуорокинолони како што се ципрофлоксацин, левофлоксацин). Кај слабо васкуларизираните ткива (хијалинска зглобна 'рскавица, тетивно ткиво), овие лекови доведуваат до комплексирање на магнезиумови јони, што резултира со неповратно оштетување на сврзното ткиво. Ова оштетување обично е поизразено кај децата и адолесцентите во фазата на раст. Тендопатиите (болести на тетивите) и артропатиите (болести на зглобовите) се познати несакани ефекти на оваа класа на лекови. Според информациите од независни фармаколози и ревматолози, овие антибиотици доведуваат до забрзано физиолошко разградување на хијалинската зглобна 'рскавица кај возрасните.M. Egerbacher u. a.: Ciprofloxacin causes cytoskeletal changes and detachment of human and rat chondrocytes in vitro.In: Arch. Toxicol. 73, 2000, S. 557–563. PMID 10663387.H. Chang u. a.: Pefloxacin-induced arthropathy in an adolescent with brain abscess. In: Scand J Infect Dis. 28, 1996, S. 641–643. PMID 9060073.A. Chaslerie u. a.: Polyarthropathy in an adolescent treated with pefloxacin. In: Therapie. 47, 1992, S. 80. PMID 1523601. (französisch) Долготрајниот третман со антикоагулантниот лек фенпрокумон, исто така, може да олеснува развој на артроза поради намалување на густината на коските кога внатрешната структура на зглобот е подложена на стрес.
Покрај возраста, механичко преоптоварување, (микро) траума, дестабилизација на зглобовите предизвикани поради губење на стабилизирачките механизми на зглобот како и генетски фактори се познати фактори на ризик за артроза. Сепак, ниту потеклото ниту можните интервенции не се целосно разјаснети.
Кај зглобот погоден од артроза зголемено е нивото на азотен оксид. Истото може да се забележи и при механичка иритација на ткивото на рскавицата.P. Das u. a.: Nitric oxide and G proteins mediate the response of bovine articular chondrocytes to fluidinduced shear. In: Journal of Orthopaedic Research. 15, 1997, S. 87–93. PMID 9066531.B. Fermor u. a.: The effects of static and intermittent compression on nitric oxide production in articular cartilage explants. In: Journal of Orthopaedic Research. 19, 2001, S. 729–737. PMID 11518285. Во развојот на артрозата веројатно се вклучени механички сили.X. Liu u. a.: Force-mediated dissociation of proteoglycan aggregate in articular cartilage. In: Biorheology. 43, 2006, S. 183–190. PMID 16912392.
Застапеност Ризикот од развој на артроза се зголемува со возраста.D. Symmons u. a.: Global burden of osteoarthritis in the year 2000. Documentation for GBD 2000 project. World Health Organization, Genf 2002. Околу две третини од луѓето над 65 години години се погодени од болеста, но не сите засегнати исто така страдаат од симптомите.
Симптоми Артрозата може да се одвива и без симптоми. Типични се болки на почетокот на движењето како и болки при оптоварување. Сепак, обемот на болката не мора да соодвествува со степенот на артрозата. Други типични симптоми се насобирање на течност во зглобот (активирана артроза), зголемена деформација на зглобот и звуци од зглобовите поради зголемена нерамномерност на 'рскавичните површини при движење.
Дијагноза мини|Компјутерска томографија на артроза на сакроилијачниот зглоб мини|271x271пкс| Шематски приказ на радиолошките знаци на артроза на колкот:(1) маргинален остеофит (2) субхондрално склерозирање(3) псевдоциста (Герол циста)(4) стеснување на зглобната пукнатина Пациентот се жали за болки во зглобовите, така што како следно треба да се разјасни при која прилика се јавува болката. Потоа следи клинички преглед на контурата на зглобот, функцијата, стабилноста на лигаментите и околните мускули. Потоа, во зависност од барањето, следи дијагностика со слики, како што се рендген, компјутерска томографија (КТ) или магнетна резонанца (МРТ).
Знаци на постоечка артроза се стеснување на зглобниот простор, склероза (реактивно згуснување/набивање на коските од двете страни на зглобниот простор), формирање на остеофити (шилести израстоци) на рабовите на зглобот и формирање на субхондрална циста во делот од коската што учествува во формирање на зглобот, предизвикана од фини пукнатини во 'рскавицата која ја обложува зглобната површина и пенетрација на синовијалната течност во коската непосредно под зглобната 'рскавица. Стеснувањето на зглобниот простор укажува на артритис или артроза, во зависност од тоа дали коската блиску до зглобот е разредена или задебелена.Joachim Grifka, Jürgen Krämer: Orthopädie Unfallchirurgie. Springer-Verlag, 2013, ISBN 978-3-642-28874-6. Доколку зголбниот простор е стеснат, а притоа зглобната површина на коската не е задебелена (склерозирана), тогаш тоа е знак за артритис. Во случај на задебелување на коската непосредно под зглобната рскавица, т.н. субхондрално склерозирање, тогаш тоа е знак за артроза.
Доколку наодот сугерира минимално инвазивна интервенција, може да биде неопходна артроскопија. Развојот на артроскопијата во последните години направи голем број зглобови достапни за овој тип на хируршка интервенција. Најчесто се изведуваат артроскопии на зглобот на коленото, меѓу другото, за да се разјасни предоперативно кој тип на ендопротеза е потребен во одредениот случај. Сепак, најчесто се изведуваат артроскопии за истовремено да се изврши и санирање на зглобот.
Со развојот на методите за евалуација на сликите од МРТ, артрозата може да се открие уште во рана фаза.
Терапија Во основа, терапијата на артрозата има две цели: ослободување од болка при нормален оптоварување на зглобот и спречување на механички ограничувања или промени во зглобот.
За овие цели се погодни следниве терапевтски пристапи:
слобода од болка преку: отсуство на стимулус за продукција на медијатори на болка или поттиснување на перцепцијата на болка или поттиснување на локалниот ефект на медијаторите за болка. спречување на прогресијата на промените во зглобот преку елиминација на механички ризик фактори како што се зглобна дисплазија или други причини кои доведуваат до зголемен притисок врз зглобната 'рскавица, регенерација на зглобната 'рскавица или ендопротетичка замена на зглобната површина.