Тополка - Шилево — археолошко наоѓалиште во Прилеп. На 1,5 км јужно од Институтот за тутун во непосредна близина на железничката пруга Прилеп-Скопје, при орањето на нивите е откриен гроб со кремиран покојник. Во него се најдени два сада од керамика, две лампи, фрагменти од стаклени садови и една римска монета од бронза. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Прилеп.
Поврзано Али Чаир — населба од неолитското и римското време; Бакалница — некропола од доцноантичкото време; Болница - Учителско Училиште — населба од неолитското, некропола од железното и осамен наод од римското време; Бончеица — населба и некропола од доцноантичкото време; Долно Садово — населба од неолитското време; Каменица — населба од бакарното време; Караташ — некропола од римското време; Касарни — некропола од железното време; Кладенец — Случајни наоди - монети од римското време; Крклари — некропола од хеленистичкото време; Кукул — населба од римското време; Куршумли-ан — осамени наоди од римското време; Параклис — осамен наод од римското време; Поводеници — Случаен наод од римското време; Силос — некропола од римското време; Тражица — фурна од римското време; Прилеп; Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско;
Наводи