„Наивец“ (српски: Наивко) — филм на режисерот Јован Живановиќ од 1975 година. Главните улоги ги играат: Љубиша Самарџиќ, Радмила Живковиќ, Велимир Бата Живојиновиќ, Павле Вуисиќ и Слободан Алигрудиќ.РТС, Наивко (пристапено на 13.1.2023)

Синопсис Изградбата на една брана предизвикува немир меѓу жителите на едно мало село на планината Мироч. Притоа, секој од нив сака да заработи повеќе пари од продажбата на земјата на државата. За тоа време, младиот овчар Бузга го отктива својот сликарски талент, сликајќи на платното на мајсторот Жиле кому државата му платила да направи изложба со слики за изградбата на браната. Бузга, кому му се потсмева целото село, од ден на ден се претвора во голем уметник-наивец. Кога тој почнува да заработува од своите слики, сите селани наеднаш почнуваат да се бават со сликарство. Меѓутоа, нивните дела се безвредни, па на крајот, тие се обидуваат да го привлечат Бузга да им се придружи во нивната сликарска задруга, иако претходно тој бил избркан.

Наводи

Категорија:Филмови на Јован Живановиќ Категорија:Филмови со Бата Живоиновиќ Категорија:Филмови со Љубиша Самарџиќ Категорија:Филмови со Радмила Живковиќ Категорија:Југословенски филмови Категорија:Српски филмови Категорија:Филмови на Авала филм Категорија:Филмови на српскохрватски јазик Категорија:Филмови на српски јазик Категорија:Филмови од 1975 година Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Србија Категорија:Филмови со Павле Вуисиќ Категорија:Филмови со Слободан Алигрудиќ Категорија:Филмови со Столе Аранѓеловиќ Категорија:Филмови со Драгомир Фелба