Герасим Огнанов-Петканчин (Банско, — , Кукушко, ) — македонски револуционер, учител, најпрво врховистички четник, а потоа се префрлил во МРО.

Животопис лево|мини|Четата на Петар Самарџиев, во која се наоѓал и Герасим Огнанов (втор ред, прв од лева страна). Се школувал во Военото училиште во Софија, кое го напуштил и го завршил Американското училиште во Самоков. За време на Илинденското востание, тој учествувал во четата на врховистичкиот војвода Јурдан Стојанов. Преминал во ТМОРО во четата на Пешо Самарџиев во Тиквешко. Станал малешевски околиски војвода во 1907 година. Во времето по Младотурската револуција се занимавал со трговија во Солун.

Меѓу тогаш позабележителните жртви на веќе започнатите меѓусебни истребувања на кадрите во ВМРО, кои нешто подоцна ќе добијат грозоморни размери, бил и Герасим Огненов. Тој бил убиен во 1912 година во Аржинското блато, по наредба на Тодор Александров.

Наводи

Категорија:Убиени по наредба на Тодор Александров Категорија:Дејци на ТМОРО Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Луѓе од Банско Категорија:Македонци во Бугарија Категорија:Македонски револуционери Категорија:Македонски просветители Категорија:Македонски војводи Категорија:Учесници во Илинденското востание