мини|десно|Јод пентоксид (I2O5)

Јодни оксиди — хемиски соединенија на кислородот и јодот. Јодот има само два стабилни оксида изолирливи во поголеми количини — јод тетроксидот и јод пентоксидот. Се образуваат и разни други оксиди во сосем мали количини. Има и такви за кои се претпоставува дека постојат, но тоа не е докажано. Хемијата на овие соединенија е сложена, и само неколку се добро карактеризирани. Многу од нив се пронајдени во атмосферата и се сметаат за особено важни во морскиот граничен слој.

+Јодни оксидиМолекуларна формулаI2OIOIO2I2O4I2O5I4O9Називдијод оксидјод моноксидјод диоксидјод тетроксид (дијод тетроксид)јод пентоксид (дијод пентоксид)тетрајод ноноксидСтруктураI2OIOIO2O2IOIOO(IO2)2I(OIO2)3Молекуларен моделбезрамка|97x97пбезрамка|108x108пбезрамка|97x97пбезрамка|128x128пCAS-број39319-71-614696-98-113494-92-31024652-24-112029-98-066523-94-2Изгледнепознатвиолетов гасжолта цврста супстанцијажолта цврста супстанцијабела кристална супстанцијатемножолта цврста супстанцијаОксидациска состојба +1 +2 +4 +3 и +5 +5 +3 и +5Точка на топењенеизолирливнеизолирливнеизолирливразлож. 100 °Cразлож. 300–350 °Cразлож. 75 °CСпецифична тежина4,24,8Растворливост во водаразлож. на HIO3 + I2187 г/100 млразлож. на HIO3 + I2

Дијодот моноксид е изучуван претежно теоретски, но постојат извесни наоди дека може да се добие на сличен начин како дихлор моноксидот, преку реакција помеѓу HgO и I2. Соединението е многу нестабилно, но може да реагира со алкени и да даде халогенирани производи.

Радикалниот јоден оксид (IO), јод диоксидот (IO2) и јод тетроксидот ((IO2)2) имаат значајна и меѓусебно поврзана атмосферска хемија. Тие се образуваат во многу мали количества во морскиот граничен слој по пат на фотооксидација на дијодометанот, кој го произведуваат макроалгите како морските треви или преку оксидацијата на молекуларниот јод, произведен со реакцијата на гасовит озон и јодидот присутен на морската површина. И покрај малите количества (помалку од трилионитинки), тие се сметаат за моќни чинители во осиромашувањето на озонската обвивка.

Дијод пентоксидот (I2O5) е анхидрид на јодната киселина и единствениот стабилен анхидрид на јодната кислородна киселина.

Тетрајод ноноксидот (I4O9) е добиен со реакција на I2 со O3 во гасовит облик, но не многу проучен.

Јодатни анјони

Јодните оксиди исто така образуваат негативно наелектризирани анјони, кои (здружени со дополнителни катјони) се составници на киселините или солите. Тука спаѓаат јодатите и перјодатите.

Нивните конјугирани киселини се:

Оксидац. состојба −1 +1 +3 +5 +7 Назив Јодоводород* Хопојодеста киселина Јодеста киселина Јодна киселина Перјодна киселина Формула HI HIO HIO2 HIO3 HIO4 или H5IO6

Оксидациската состојба -1 (јодоводородот) не е оксид, туку стои на табелата за потполност.

Перјодатите имаат две варијанти: метаперјодат и ортоперјодат .

Поврзано Кислороден флуорид Хлорен оксид Бромен оксид

Наводи

Категорија:Оксиди Оксид Оксид