мини|288x288пкс| Специфични локации и функции на α-рецепторите. Слика од Основна и клиничка фармакологија од Бертрам Кацунг и сор. Алфа-блокаторите, познати и како α-блокатори или антагонисти на α-адренорецепторите, се класа на фармаколошки супстанции кои дејствуваат како антагонисти на α-адренергичните рецептори ( α-адренорецептори).
Историски гледано, алфа-блокаторите се користеле како алатка за фармаколошки истражувања за да се развие поголемо разбирање на автономниот нервен систем. Користејќи алфа блокатори, научниците почнаа да го карактеризираат артерискиот крвен притисок и централната вазомоторна контрола во автономниот нервен систем. Денес тие можат да се користат во клиничкиот третмани кај одредени болести.
Алфа блокаторите можат да третираат мал опсег на болести како хипертензија, Рејнова болест, бенигнен синдром на простатата и еректилна дисфункција. Општо земено, овие лекови дејствуваат преку врзување на α-блокаторот за α-рецепторите на мазните мускули во артериските крвни садови и органите со мазна мускулатура (пр. мочниот меур). Со врзувањето на алфа-блокаторите се постигнува блокирање на алфа-адренорецепторите што доведува до релаксација на мазните мускули што резултира, на пример, со ширење на крвните садови.
Класификација мини|413x413пкс| Шема на внатреклеточна сигнализирачка патека на GPCR-рецептор (рецептор поврзан со Г-белковина) со подединици Gi, Gs, Gq.
α1-блокаторите делуваат на α1-адренорецепторите α2-блокаторите делуваат на α2-адренорецепторите
Кога се користи терминот „алфа блокатор“ без дополнителна квалификација, тој може да се однесува блокатори со различен степен на селективност кон одреден адренорецептор: α-блокатор, α2-блокатор, неселективен блокатор (делува и на двата алфа-рецептори, алфа 1 и алфа 2) или α-блокатор со делумна β-активност. Сепак, најчестиот тип на алфа-блокатори обично е α1-блокатор.
Неселективни антагонисти на α-адренергичните рецептори вклучуваат:
Феноксибензамин Фентоламин Толазолин Тразодон
Селективните антагонисти на α1-адренергичните рецептори вклучуваат:
Алфузосин Доксазосин Празосин (инверзен агонист) Тамсулозин Теразосин Силодосин
Селективни антагонисти на α2-адренергичните рецептори вклучуваат:
Атипамезол Идазоксан Миртазапин Јохимбин
Супстанциите карведилол и лабеталол се истовремено и α- и β-блокатори.
Подолу се дадени некои од најчестите лекови кои се користат во клиниката. Име на супстанцијатаПример за трговско имеСтруктураМеханизам на дејствоЕфектиКлиничка применаНесакани ефектиФеноксибензаминDibenzyline200x200пксНеселективно ковалентно врзување за α1 and α2 рецепторите.
Иреверзибилно врзување.Го намалува крвниот притиок преку намалување на периферниот отпор.
Ја блокира алфа-индуцираната вазоконстрикција. Феохромоцитом Перкумерно ослободување на катехоламини Ортостатска хипотензија Тахикардија Гадење Повраќање ФентоламинReglitin200x200пксКомпетитивно блокирање на α1 и α2 рецепторите
4 часа на дејство по иницијална администрација.Отповраќање на ефектите предизвикани од адреналин.
Го намалува крвниот притисок преку намалување на периферниот отпор. Феохромоцитом Рефлексна стимулација на срцето Тахикардија Аритимија Ангинозна болка Празосинminipress200x200пксКомпетитивно блокирање на α1 рецепторот.Го намалува крвниот притисок. Хипертензија Бенигна хиперплазија на простатата Посттрауматско стресно растројство Ефект на прва доза Ортостатска хипотензија Затнат нос Вртоглавица Недостаток на енергија Главоболка Поспаност доксазосинCardura Cardura XL200x200пкскомпетитивно блокирање на α1 рецепторот.Го намалува крвниот притисок. Хипертензија Бенигна хиперплазија на простатата Ефект на прва доза Ортостатска хипотензија Затнат нос Вртоглавица Недостаток на енергија Главоболка Поспаност ТерасозинHytrin200x200пксКомпетитивно блокирање α1 рецепторот.Го намалува крвниот притисок. Хипертензија Benign prostatic hyperplasia (BPH) Ефект на прва доза Ортостатска хипотензија Затнат нос Вртоглавица Недостаток на енергија Главоболка Поспаност ТамсулозинFlomax200x200пксБлокатор кој има блага селективност за α1 рецепторите.Релаксација на простатичната мускулатура. Бенигна хиперплазија на простатата Ортостатска хипертензија ЈохимбинYocon200x200пксГи блокира α2 рецепторите, и зголемува ослободување на норадреналин со што ја зголемува активноста на централниот нервен систем.Го зголемува крвниот притисок и срцевото отчукување. Сексуална стимулација Еректилна дисфункција Хипотензија Може да предизвика неспокој Стимулација на централниот нервен системЛабеталолTrandate200x200пксБлокира одредена активност на α1 рецептор, но се врзува посилно за β рецептори.Го намалува крвниот притисок, благо зголемување на срцевото отчукување. Хипертензија Може да предизвика тахикардија КарведилолCoreg Coreg CR200x200пксБлокира одредена α1 рецепторна активност, но посилно се врзува за β рецептори.Може да интерферира со норадренергични механизми. Срцева слабост Истоштеност
Медицинска употреба Иако постои ограничена клиничка употреба на α-блокаторите, каде повеќето α-блокатори се користат за хипертензија или бенигна хиперплазија на простатата, α-блокаторите може да се користат и за лекување на неколку други болести, како што се болеста на Рејно, конгестивна срцева слабост, феохромоцитом и еректилна дисфункција.
Понатаму, α-блокаторите може повремено да се користат за лекување на анксиозни и панични нарушувања, како што се кошмари индуцирани во рамките на посттрауматско стресно растројство. Исто така постои голем медицински интерес во студии за тестирање на алфа-блокатори, особено α2-блокатори, во лекувањето на дијабетес тип II и психијатриска депресија.
Голем крвен притисок (хипертензија) Хипертензијата се должи на зголемување на васкуларниот отпор и вазоконстрикција (собирање на крвните садови). Употребата на α1 -селективни антагонисти, како што е празосин, е ефикасно во лекувањето на блага до умерена хипертензија. Тоа е затоа што овие супстанци можат да го намалат васкуларниот отпор и да го намалат притисокот. Сепак, иако овие лекови генерално добро се поднесуваат, тие имаат потенцијал да предизвикаат несакани ефекти како што се ортостатска хипотензија (пад на крвниот притисок при станување и стоење) и вртоглавица. Сепак, за разлика од другите третмани за хипертензија, како што се АКЕ инхибитори, Ангиотензин рецептор антагонисти, блокатори на калциумови канали, тиазидни диуретици или бета блокатори, алфа-блокаторите не ги покажаа истите придобивки за смртност и морбидитет, и затоа генерално не се користат како лекови од прва или дури втора линија за третмант на хипертензијата.
Друг третман за хипертензија е употребата на лекови кои покрај α 1 блокирачката активност, дополнително и неселективна β-активност, како што се супстанциите лабеталол или карведилол. Во мали дози, лабеталолот и карведилолот може да го намалат периферниот отпор и да ги блокираат ефектите на изопреналинот за да ги намалат хипертензивните симптоми.
Феохромоцитом мини|Слика на пациент со феохромоцитом (тумор во срцевината на надбубрежната жлеза). Кај пациентите со оваа болест се формира тумор кој лачи катехоламин и предизвикува прекумерна стимулација на автономиот нервен систем, како што се прекумерно потење и тахикардија. Неселективни алфа блокатори, како што се феноксибензамин или фентоламин, може да се користат за ублажување на оваа болест. Феохромоцитомит е состојба во која се развива тумор кој лачи катехоламини. Овој тумор лачи постојано или повремено норадреналин и адреналин. Прекумерното ослободување на овие катехоламини ја зголемува стимулацијата на централниот нервен систем, со што крвните садови го зголемуваат васкуларниот отпор и на крајот доведува до зголемен крвен притисок. Покрај големиот крвен притисок, кај пациентите со овие ретки тумори често се јавуваат и главоболки, срцеви треперења (палпитации) и зголемено потење.
Феноксибензамин, неселективен α1 и α2 блокатор, се користи за лекување на феохромоцитом. Овој лек ја блокира активноста на адреналинот и норадреналинот со антагонизирање на алфа рецепторите (т.е. ја спречува активација на алфа рецепторите од страна на адреналин и норадреналин), со што се намалува васкуларниот отпор, се зголемува вазодилатација (ширењето на крвните садови) и се намалува крвниот притисок.
Срцева слабост Блокаторите кои имаат дополнителна способност покрај α рецепторите да ги блокираат и β рецепторите, како што се карведилол, буциндолол и лабеталол, имаат способност да ги ублажат симптомите при срцева слабост. Со врзување и за α и за β рецепторите, овие лекови можат да го намалат срцевиот минутен волумен и да го стимулираат проширувањето на крвните садови за да се намали на крвниот притисок.
Еректилна дисфункција Јохимбин, α2 блокатор добиен од кората на дрвото Pausinystalia johimbe, е тестиран за зголемување на либидото и лекување на еректилна дисфункција. Предложениот механизам за јохимбин е блокада на адренергичните рецептори кои се поврзани со инхибиција на невротрансмитерите, вклучително допамин и азотен оксид, и на тој начин помагање во ерекцијата на пенисот и либидото. Со тоа, тие можат да го променат протокот на крв во пенисот за да помогнат во постигнување на ерекција. Сепак, може да се појават некои несакани ефекти, како што се палпитации (срцеви треперења), тремор, покачен крвен притисок и анксиозност . Кората на Јохимбе содржи алкалоиди кои ги блокираат и алфа-1 и алфа-2 адренергичните рецептори.
Фентоламин, неселективен алфа-блокатор, исто така е тестиран за лекување на еректилна дисфункција. Со намалување на вазоконстрикцијата во пенисот, се чини дека има зголемен проток на крв што помага во ерекцијата на пенисот. Несаканите ефекти поврзани со фентоламин вклучуваат главоболка, црвенило и затнат нос. мини|236x236пкс| Бенигна хиперплазија на простата, болест во која уринарното задржување станува проблем. Може да се користат алфа-1 блокатори, но тоа може да резултира со несакани ефекти како што се зголемено мокрење и ретроградна ејакулација.
Бенигна хиперплазија на простата Кај бенигната хиперплазија на простатата (или поново: бениген синдром на простатата), доаѓа до стеснување на мочниот канал во делот каде што тој поминува низ простатата поради зголемениот волумен на простатата, така што кај засегнатите мажи е отежнато мокрењето и празнењето на мочниот меур, што доведува до задршка на мочта во мочниот меур (уринарна ретенција). За ублажување на симптомите на отежнато мокрење кај оваа состојба се користат специфични блокатори на α-рецепторот кои доведуваат до опуштање на мазната мускулатура вовратот на мочниот меур и делот на мочниот канал кој поминува низ простатата. Празосин, доксазосин и теразосин се особено корисни за пациенти со бенигна хиперплазија на простатата, особено кај пациенти со висок крвен притисок. Кај таквите пациенти, овие лекови можат да ги третираат двете состојби истовремено. Кај пациенти без висок крвен притисок, може да се користи тамсулозин, бидејќи има способност да ги релаксира мочниот меур и мазните мускули на простатата без да предизвика големи промени во крвниот притисок поради неговото поспецифично дејство.
Рејнова болест мини|283x283пкс| Пациентите со Рејнов синдром доживуваат прекин на протокот на крв од прстите што предизвикува големо намалување на кислородот, што доведува до промена на бојата на прстите. Употребата на алфа блокатори помага во повраток на протокот на крв и третман на синдромот преку стимулирање на проширувањето на крвните садови. Во третманот на Рејновата болест се испитани и α1 блокаторите и α2 блокаторите. Иако α1 блокаторите, како празосин, се чини дека доведуваат до благо подобрување на склеротичните симптоми на Рејновата болест, многу несакани ефекти се јавуваат при земање на овој лек. Спротивно на тоа, α2 блокаторите, како што е Јохимбин, се чини дека обезбедуваат значително подобрување на склеротичните симптоми кај Рејновата болест без прекумерни несакани ефекти.
Посттрауматско стресно растројство