Панде Георгиев Мазнејков — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација.

Животопис Панде Мазнејков е роден во или околу 1871 годинаСпоред молбата за народна пензија, на 27 февруари 1943 година е на 72-годишна возраст. во градот , тогаш во Османлиското Царство. Во Македонската револуционерна организација се приклучува во 1898 година. Од 1903 година е член на револуционерниот комитет во градот Струмица. Во 1903 година како дел од четата на неговиот брат Коста Мазнејков учествува во судири на планината Смрдеш. Во 1905 година е делегат на струмичкиот конгрес на ВМОРО. Истата година убиството на Иван Тодев во струмичкото село Едрениково предизвикува афера во која Панде е уапсен и осуден на 101 година затвор во Еди-куле. Дел отслужува во Адена-кале. Во јули 1908 година, по Младотурската револуција, е амнестиран. Откако излегува од затвор продолжува со револуционерна дејност. Во 1911 и 1912 година е претседател на револуционерниот комитет во струмичкото градско маало Чифлиг. Во Балканските војни учествува во Македонско-одринското ополчение како дел од втората одделна партизанска чета на Христо Чернопеев. Носител е на два ордени. На 27 февруари 1943 година, како жител на струмичкото село Градошорци, тогаш во Царството Бугарија, поднесува молба за народна пензија, која е одобрена.Пеловски, Филип. Македоно-одрински свидетелства. Регистър на участниците в освободителните борби в Македония, Тракия и Добруджа, получили български народни пенсии през 1943 г. Т. I. Дел II. София, Библиотека Струмски, 2021. ISBN 978-619-92088. с. 47.

Родословие

Наводи

Категорија:Македонски револуционери Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Починати во Струмица Категорија:Родени во 1871 година Категорија:Починати во 1953 година Категорија:Учесници во Илинденското востание