Словачка Јама (-650 m) — пропаст на Караџица, во Македонија. Влезот ѝ е на надморска висина од 2.250 метра, и е најдлабока пештера во Македонија.
Историја на истражувањето Јамата била откриена 2009 година од спелеолози на друштвото „Пеони“ и нивни словачки колеги по што и го добила името. При ова истражување се стигнало до длабочина од 524 метра каде експедицијата наишла на леден чеп и морала да го прекине истражувањето..
До 2016 година се стигнало до длабочина од 650 метра и должина од 3.163 метри. Со тоа таа е најдлабока пештера во Македонија и воедно втора по должина зад Слатински Извор.
Поврзано Пештера Пропаст
Наводи
Категорија:Јакупица Категорија:Пештери во Македонија