Чрномељ (словенечки: Črnomelj; во постарите извори и Černomelj, Leksikon občin kraljestev in dežel zastopanih v državnem zboru, vol. 6: Kranjsko. 1906.) ― град во југоисточна Словенија. Седиште е на Општина Чрномељ. Лежи на левиот брег на реките Лахиња и Добличица. Општината е во срцето на областа Бела Краина, југоисточниот дел на традиционалниот регион Долењска. Сега е вклучен во статистичкиот регион Југоисточна Словенија. Ги вклучува малите селски населби Чардак, Кочевје, Козји Плац, Лока и Нова Лока.Чрномељ на Геопедија
Име Чрномељ првпат бил споменат во пишаните извори во 1228 година како Ширномел (Schirnomel) (и како Церномел (Zernomel) во 1263 година, Церменли (Zermenli) во 1277 година и Чернемл (Tscherneml) во 1490 година). Името е изведено од *Чьрномлъ, засновано на хипокоризмот *Чьрномъ, со што првично значи „чрномска населба“.Snoj, Marko. 2009. Во современиот германски, името било Чернембл (германски: Tschernembl).
До 1918 година, австроунгарската поштенска служба ги користела двојазичните имиња Чернембл-Черномељ. Само германското име било користено од поштенската служба пред 1867 година.Klein, Wilhelm. 1967.
Историја
Праисторија Археолошките докази покажуваат дека областа била населена од доцното бронзено време па наваму, а населбата постепено се развивала низ железното време. Не е позната точната година на уништувањето на населбата од железното време од страна на Римјаните. Доказите покажуваат дека бил уништен или за време на походот на Октавијан против Илирите помеѓу 35 и 33 п.н.е., походот на Тибериј во Панонија во 12 до 9 п.н.е., или во Големиот илирски бунт од 6 до 9 н.е.; односно во временскиот распон помеѓу 35 п.н.е. и 9 н.е.
Среден век лево|мини| Гравура на Чрномељ од Валвасор (1679). Првпат се споменува како Ширномел (германски: Schirnomel) во пишаните документи кои датираат од 1228 година, во повелбата издадена од аквилејскиот патријарх. Пред 1277 година ѝ биле доделени пазарни права и се развил во регионално средиште. Се споменува како град во 1407 година, и затоа се претпоставува дека пред тоа добил градски привилегии, но и после тоа редовно се споменува како пазарски град. Во текот на 16 век заземал важна воена положба како еден од средиштата за организирање снабдување за воената граница. По создавањето на Карловац во денешна Хрватска во 1579 година, тој ја изгубил таа положба.
Чрномељ бил и дом на моќното благородничко семејство на фон Чернембл. Спомнати за прв пат во 1267 година, тие постепено постигнувале важни положби при хабсбуршкото благородништво во Крањска. Во текот на 15 век тие го прошириле своето влијание и еден од поглаварите на семејството, Георг фон Чернембл, ги држел положбите на капетан на Трст и капетан на Штаерска, една од најважните земји на Хабсбурговците. Во 16 век тие се придружиле на протестантското благородништво на Внатрешна Австрија и во 1564 година Ханс фон Чернембл ги продал своите бројни имоти во Крањска и се преселил на територијата на денешна Горна Австрија. Таму во 1567 година е роден најважниот и најпознат член на семејството, Георг Еразмус фон Чернембл, важен политички водач на протестантското благородништво на териториите на денешните Горна и Долна Австрија. По неговата смрт во 1626 година, семејството повторно станало католичко и го вратило својот изгубен имот во Горна Австрија. Последниот машки член на семејството починал во 1667 година, но преку бројни женски членови нивната крвна лоза продолжила во некои од кралските куќи на денешна Европа. Тие послужиле како пример за уништеното благородништво од 18 век за германскиот писател Готлиб Август Кривел (гер.) и неговото дело „Прекрасни ливади“ (Schönwiesen), отпечатено во Берлин во 1911 година.
Современа историја лево|мини| Историска фотографија на Чрномељ од 1920-тите. До 1918 година, градот бил дел од Австроунгарија (дел од австриската половина по компромисот од 1867 година). Местото било седиште на истоимената област и едно од 11-те окружни власти (Bezirkshauptmannschaften) во покраината Крањска.Klein, Wilhelm. 1967.
Масовна гробница Чрномељ е место на масовна гробница поврзана со Втората светска војна. Гробиштата во парохиската ложа () се наоѓа северно од гратчето на работ на мала варовничка дупка во шумата. Содржи останки на неодредени жртви."Odlok o Občinskem prostorskem načrtu Občine Črnomelj." 2010. Uradni list Republike Slovenije no. 82 (17 октомври.), стр. 10710.
Знаменитости Парохиската црква во гратчето е посветена на Свети Петар и припаѓа на Римокатоличката епархија Ново Место. Сегашната градба е изградена во 17 век на местото на црква од 13 век.Slovenian Ministry of Culture register of national heritage reference number 1729 Во гратчето има уште две цркви. Едната, посветена на Свети Севастијан, се споменува како параклис на почетокот на 16 век, но била проширена во црква во 1646 година по избувнувањето на чумата. Била обновена во 1904 година и во 1963 година. Втората е посветена на Светиот Дух и е готска градба за прв пат спомената во документите кои датираат од 1487 година, но често престилизирана, неодамна во 1895 година. Изграден е на врвот на праисториските и римските опфатени слоеви.Slovenian Ministry of Culture register of national heritage reference numbers 1741 and 1742
Споменик во градот е посветен на паднатите партизани. Стои на мал рид наречен Гричек. Тоа е дело на Марко Жупанчич со скулптури на Јакоб Савиншек.
Галерија
Култура и спорт Гратчето е седиште на словенечкиот фудбалски клуб Бела Краина Чрномељ.
Поистакнати луѓе
Јасмин Куртиќ (р. 1989) — фудбалер
Наводи
Надворешни врски
Чрномељ на Geopedia Мрежно место на Општина Чрномељ
Категорија:Статии со извори на словенечки (sl) Категорија:Градови во Словенија Категорија:Општина Чрномељ