Горни Пиринеи (француски: Hautes-Pyrénées; гасконски/ окситански: Nauts Pirenèus/Hauts Pirenèus; ; ) ― департман во регионот Окситанија, југозападна Франција. Во 2019 година, во департманот живееле 229.567 жители;Populations légales 2019: 65 Hautes-Pyrénées, INSEE а негова префектура е Тарб. Името го добил по планинскиот венец Пиринеи.
Историја Порано, на ова место се наоѓал департман познат како Бигор, кој на моменти имал независност, но подоцна станал дел од покраината Гаскоња. По Бретињскиот договор од 1360 година, голем дел од областа бил под Англиска управа. Во 16 век, бил дел од хугенотското подрачје на монарсите на Навара, донесени во Франција од Анри IV.
Департментот Горни Пиринеи е создаден за време на Француската револуција, на 4 март 1790 година, со ургенција на францускиот политичар Бертранд Баер, член на Конвентот.
Географија Горни Пиринеи се состои од неколку одделни географски области. Во јужниот дел, долж границата со Шпанија, се наоѓаат планините Вињмал, Пик ду Миди де Бигор и планинските венци Неувил и Арбизон. Другата област се состои од ритчиња со мала надморска височина. Северниот дел од департманот се состои од претежно низинско обработливо земјиште. Високи Пиринеи има две мали територијални ексклави — остатоци од средниот век — сместени во соседниот департман Атлантски Пиринеи.
Поголеми градови Областа околу Тарб е економски и административен центар на департманот, а Лурд, вториот по големина град во Горни Пиринеи, речиси е исклучиво посветен на религиозната индустријата. Во 2019 година, имало 7 комуни со преку 5.000 жители: Комуна Население (2019) Тарб 42.758 Лурд 13.132 Орлеан 7.864 Бањер де Бигор 7.085 Ланмезан 5.816 Бордер сир л'Ешез 5.357 Семеак 5.085
Туризам Националниот парк Западни Пиринеи зафаќа голема област и таму се наоѓаат познатите туристички атракции како Гаварниев Цирк (Cirque de Gavarnie) и Шпански мост (Pont d'Espagne). Оваа област е омилена дестинација за планинарите и планинските ентузијасти.
Оваа област можеби била позната уште од античко време по топлите извори, а околу нив биле изградени неколку градови, особено Котрет, Луз-Сен Совер и Бањер-де-Бигор. Југозападно од Котрет има популарно езеро. Во Горни Пиринеи има многу популарни скијачки центри.
Овој департман е речиси секогаш е дел од рутата на Тур де Франс, со значително тешки превои како што се Турмале, Обиск и Сулор .
Наводи
Надворешни врски
Мрежно место на Советот на департманот Горни Пиринеи Мрежно место на префектурата Национален парк Пиринеи 360° панорамски фотографии
Категорија:Држави и територии настанати во 1790 година Категорија:Департмани во Окситанија Категорија:Горни Пиринеи Категорија:Статии со извори на француски (fr) Категорија:Статии со микроформати hAudio Категорија:Координати на Википодатоците