1913  Во Париз основан Меѓународниот мечувалски сојуз (ФИЕ). 1926  Во Тетово е пуштена во редовна работа ХЕЦ „Пена“ — прв хидроенергетски објект во Македонија (дотогаш сите биле на јаглен). Изградена е во периодот од 1924 до септември 1926 година. Инвеститор било Тетовското индустриско акционерско друштво основано на иницијатива на Г-дин Михајлович, руски емигрант кој живееел во Тетово. 1943  Во Јајце започнува Второто заседание на АВНОЈ. Истиот ден на заседанието Јосип Броз Тито е прогласен за Маршал на Југославија. 1947  Генералното собрание на Обединетите нации донесува резолуција за поделба на Палестина на еврејски и арапски дел. 1958  Скопје и некои други градови од Македонија добиваат добар прием на италијанската телевизија. 1962  Велика Британија и Франција потпишуваат спогодба за изработка на надзвучен авион од типот „Конкорд“. 1973  Во Маврови Анови е формирано Здружението на радиостаниците во Република Македонија. 29 ноември