Стефан Илиев Чопев ( во — ) — македонски активист. Жртва на комунистичкиот режим во НР Бугарија.

Животопис Бил предан јатак на илегалната чета на Герасим Тодоров. За време на мачните и бескрајни испитувања во Горна Џумаја, тој направил обид за самоубиство, голтајќи отров завиткан во бавно разградлива хартија, која му била скриена под јаката на палтото. Тоа го забележал неговиот чувар, кој веднаш алармирал да биде однесен во болница, каде лекарите успеале да го извадат отровот пред да се растопи самата хартија.

Место да биде суден, Чопев бил испратен во концентрационен логор со принудна работа, на неопределен рок. Во логорите поминал две тешки години, од каде се здобил со тешка траума, поради која подоцна паѓал и во бесознание. Стефан важел за фанатичен приврзаник на македонската кауза.

Поврзано Илија Чопев

Георги Чопев

Наводи

Категорија:Македонци во Бугарија Категорија:Македонски дејци Категорија:Македонски борци Категорија:Жртви на комунистичкиот режим во Бугарија