Тараненик — вид јадење од тарана и кори потпечено во рерна, традиционално за македонската кујна.. Има и мрсна варијанта при која се користи и сирење како состојка.
Рецепт Состојки 400 гр јуфки 150 гр тарана по потреба масло, сол и вода
Подготовка Во тава се става една третина од јуфките, па пола од тараната, пак се става една третина од јуфките, па останатата половина од тараната. Се завршува со јуфки. Така подготвениот тараненик се попрскува со масло за јадење.
Тавата се става во загреана рерна на 250 степени додека да заруменат корите.
Во исто време се става вода со сол да зоврие. Потпечениот тараненик се попарува со врелата солена вода, отприлика еден прст над нив. Се враќа во рерната да се допече, додека да изврие целата течност.
Наводи
Поврзано Тарана Кори
Категорија:Македонска кујна Категорија:Јадења од тестенини