Декан — алкански јаглеводород со хемиска формула C10H22. Иако за деканот се можни 75 структурни изомери, поимот обично се однесува на нормалниот декан (n-декан), чија формула е CH3(CH2)8CH3. Меѓутоа, сите изомери покажуваат слични својства и не се обраќа многу внимание на составот. Овие изомери се запаливи течности. Деканот е присутен во мали количеста (под 1 %) во нафтата и керозинот. Како и другите алкани, тој е неполарен растворувач, не се раствора во вода и лесно гори. Иако е составен дел од горивата, деканот нема важност како хемиска суровина, за разлика од неколку други алкани.

Реакции Деканот согорува исто како другите алкани. Во присуство на доволно кислород согорува и образува вода и јаглерод диоксид.

2 C10H22 + 31 O2 → 20 CO2 + 22 H2O При недоволно кислород се добива и јаглерод моноксид.

Други својства Деканот има површински напон од 0,0238 N·m−1.Website of Krüss (8 ноември 2009)

Поврзано Алкани

Наводи

Надворешни врски

Material Safety Data Sheet for Decane CHEMINFO Decane

Категорија:Алкани