Пентени (или пентилени) — алкени со хемиска формула . Секој од нив содржи една двојна врска во молекулската структура. Во оваа класа има шест различни соединенија, кои меѓусебно се разлкуваат по тоа дали јаглеродните атоми се имаат линеарна или разградена градба, и дали двојната врска има цис или транс облик.

Праволанчени изомери 1-пентенот е алфа-олефин и најчесто се добива како нуспроизвод на каталитичко или топлинско крекирање на нафтата, или во производството на етилен и пропилен по пат на топлинско крекирање на јаглеводородните делови.

Единствениот комерцијален производител на 1-пентен е „Сасол“, каде тој се одвојува од суровата нафта користејќи го Фишер-Тропаховиот процес.

2-пентенот има два геометриски изомера: цис-2-пентен и транс-2-пентен. Цис-2-пентенот се користи во олефинската метатеза.

Разгранети изомери Разгранети изомери се 2-метилбут-1-енот, 3-метилбут-1-енот (изопентен) и 2-метилбут-2-енот (изоамилен).

Изоамиленот е еден од трите главни нуспроизводи на длабоко катализичко крекирање (DCC), што е многу слично на потфатот [течно каталитичко крекирање (FCC). DCC користи дизел-гориво (VGO) како суровина за производство на претежно пропилен, изобутилен и изоамилен. Зголемената побарувачка на полипропилен го поттикнала растот на DCC, кој работи многу слично на FCC. Изобутиленските и изоамиленските суровини се неопходни за производство на прилично спорните бензинови примеси метил терт-бутил етер и терт-амил метил етер.

Производство на горива Пропиленот, изобутенот и амилените се суровини во алкилациски единици на рафинериите. Користејќи изобутан се создаваат смеси со голема разгранетост за добро согорување. Амилените се ценети како претходници на горивата, особено воздухопловните горива со релативно ниска испарливост, што се бара од разни уредби.

Наводи

Категорија:Алкени