Сребреново — поранешно село во денешната општина Либражд на Елбасанската област, источна Албанија.
Географија Селото се наоѓало во јужниот дел на македонската област Голо Брдо, во подножјето на врвот Градиште, западно од Стеблево.
Историја Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Сребреново (Сребърново) живееле 30 Арнаути муслимани, иако веројатно се работи за албанизирани Македонци муслимани судејќи по етничкиот состав на соседните села. Од друга страна, според Миленко Филиповиќ, кој пишува во 1940 г., селото веќе одамна не постои. Во Стеблево е зачувано предание за иселување во Италија. Меѓутоа, исчезнувањето не е одразено во турскиот катастар и затоа многу стеблевци плаќале данок како жители на Сребреново.
Наводи
Категорија:Историски села во Албанија †Сребреново †Сребреново