Куру () — река во Кукушко, Лагадинско и Солунско, Егејска Македонија, лева притока на Галик.По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
Реката извира под името Допра во источното подножје на Карадаг, источо од кукушкото село Пазарли и западно под врвот Месе (719,4 м). Тече на југозапад, постепено преминувајќи во јужен правец и го добива името Оморли. Кај лагадинското Ново Село свртува на запад, минава во клисура меѓу Средец (Камила) од југ и Асирли од север, излегува кај Воловод, завива на југ, а потоа пак на запад и се влева во Галик северно од солунското село Ени Маала.
Наводи
Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Пајак (планина) Категорија:Пајонија (општина) Категорија:Кукуш Категорија:Лагадина Категорија:Даутбал Категорија:Притоки на Галик