1824 Легендарниот латиноамерикански водач Симон Боливар ја поразил шпанската војска во историската Битка кај Ајакучо, Перу. 1905 Во Франција со указ е извршено одвојувањето на државата и црквата. 1940 Втора светска војна: Во Северна Африка почна офанзивата на VIII Британска армија против германските окупациони трупи. 1961 Тангањика, поранешната британска колонија, стана независна држава во рамките на Комонвелтот, а од 09.12.1962 година стана Република. Две години подоцна, на 26 април 1964 година со обединувањето на Тангањика и на Занзибар настана Обединета Република Танзанија. 1997 Во Брисел, генералните директори на царинските служби на Белгија и Македонија, Илија Илоски и Ван Валегем, парафираа Спогодба за царинска соработка. 9 декември
Źródło i licencja
Na podstawie: Wikipedia — 9 декември (настани) · historia autorów.
Tekst: CC BY-SA 4.0.
Informacja o opracowaniu
Usunięto składnię wiki i szablony; dłuższe teksty skrócono.