Дуфска Река — река во Македонија, сместена на планината Шар Планина.
Реката често пати е именувана како Вардарна Дуфска Река, која воедно претставува изворишна притока на реката Вардар.
Именување
Реката понекогаш е именувана и како Мелце или Мелца по еден од изворите.
Извор
Реката всушност настанува со спојување на трите извори Куленти Камен, Вода на Балаклија и Мелца во маалото Чајане во селото Дуф.
Тек
Реката поминува низ селото Дуф, а потоа и низ селата Орќуше, Речане и Вруток, пред да се влее од десната страна во реката Вардар.
Галерија
Поврзано Дуф Орќуше Речане Вруток Шар Планина Вардар
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Дуф Категорија:Орќуше Категорија:Речане Категорија:Вруток Категорија:Реки во Македонија