Орфанска тврдина () — средновековна и османлиска одбранбена тврдина јужно од селото Орфано во Правишко, Егејска Македонија.

Од антиката до крајот на византискиот период Амфипол останал управен и трговски центар на поширокото подрачје на устието на реката Струма, иако важноста веќе му опаѓала. По османлиското освојување трговскиот центар на подрачјето постепено се префрлил во Мармари, а воената управа изгледа била во Орфан. Тука е подигната мала тврдина за контрола на делтата на Струма, најдоцна во XVIII век. Можно е да е изградена многу порано. Тврдината е добро зачувана.

Наводи

Категорија:Тврдини во Егејска Македонија Категорија:Кушница