Раул Алехандро Окасио Руиз (роден на 10 јануари 1993 година), професионално познат како Рау Алехандро, е пејач и текстописец од Порторико. Наведен како „ Крал на модерниот регетон (латино-урбана музика)“, тој припаѓа на „новата генерација“ на урбани музичари од Порторико. Неговиот деби (прв) студиски албум, Afrodisíaco, бил објавен во ноември 2020 година. Неговиот втор студиски албум, Vice Versa, објавен во јуни 2021 година, го содржи водечкиот сингл „Todo de Ti“. Добитник е на две Латински Греми награди од дванаесет номинации.
Животот и кариерата Раул Алехандро Окасио Руиз е роден на 10 јануари 1993 година во Сан Хуан, Порторико и израснал во Канованас и Каролина. Неговиот татко, гитаристот Раул Окасио и неговата мајка, придружен вокал Марија Нели Руиз, го запознале со некои од неговите музички влијанија како Елвис Присли, Мајкл Џексон и Крис Браун. Долги години, Алехандро и неговиот татко живееле во Соединетите Држави, главно во Мајами и Њујорк Сити, каде што добивал инспирација од жанровите R&B и денсхол. Алехандро и неговиот колега Порториканскиот рапер Ануел АА , се пријатели од детството. Двајцата завршиле во исто училиште и заедно имале часови. Како дете, Алехандро се натпреварувал во училишни талент натпревари бидејќи имал страст за танцување. По завршувањето на средното училиште, тој се запишал на Универзитетот во Порторико. Од шестата година па сè до дваесеттата играл фудбал, но подоцна се откажал бидејќи не бил задоволен од својот перформанс и се повредил на 20-годишна возраст. Тој се преселил во Орландо, Флорида за да се обиде да биде скаутиран за да игра во Премиер Лигата за развој (ПДЛ), но на крајот не успеал.
Откако го напуштил фудбалот, тој останал со низок степен на депресија, па за да го подобри своето расположение решил да се префрли на музичка кариера и почнал да објавува песни преку SoundCloud во 2014 година. Во ноември 2016 година, тој го објавил својот деби (прв) микс со наслов Punto de Equilibrio . Во јануари 2017 година, тој потпишал музички договор со Duars Entertainment. Додека во 2018 година, тој бил избран од Sony Music Latin да биде дел од „Los Próximos“, музички проект каде се обидувале да привлечат нови музички таленти. Музичкиот проект му помогнал да стане попознат. Како резултат на тоа други значајни уметници го забележале и станал дел во повеќе соработки како што се Кевин Ролдан и Кеја „Pa' Tu Casa“, и „Luz Apaga“ од Ozuna, Lunay. и Лијано таа година. Во декември 2017 година, тој го издал својот прв сингл како главен изведувач, насловен „Toda“ со Алекс Роуз. Се искачил на 29-то место на топ листите на Billboard најдобри латински песни во ноември 2018 година. Ремиксот на „Toda“ со Казу, Лени Таварез и Лајано бил објавен во мај 2018 година. Песната се покажала успешна, со спотот кој има над 1 милијарди прегледи на YouTube од ноември 2020 година. Во јануари 2019 година, тој го издал својот сингл „Que le dé“ со Ники Џем. Во декември 2019 година, неговата песна „Fantasias“ со Фаруко се искачила на 12-то место на американската латино-табела, што е воедно и највисоката позиција што неговите песни ја достигнале на топ-листата, заедно со „Tattoo“. Двете песни останале на топ-листите во период од 20 недели, што е највисоко времетраење за една од песните на Алехандро досег.Ја освоиле наградата Латино Греми за најдобра урбана фузија/изведба во 2021 година.
Деби албумот на Алехандро, Afrodisíaco, бил објавен на 13 ноември 2020 година. Му претходеле објавувањето на песните и музичките спотови, „Enchule“, ремиксот „Elegí“ и „Reloj“, со Ануел А.А.
На 20 мај 2021 година, тој го издал „Todo de Ti“, кој се искачил на второто место на глобалната топ листа на Топ песни на Spotify. На 25 јуни 2021 година, тој го издал својот албум, Vice Versa , преку Sony Music Latin. Афродиако му придонел за номинација за најдобар музички албум Урбана на 64-тото доделување на Греми наградите.
Уметност Во музичкиот стил на Рав Алехандро спаѓаат латинско Р&Б, регатон, поп-музика и балади. Billboard вели дека ова му помогнало "го издвои од растечкиот број на музичари кои се занимаваат со поп-музика". Тој на почетокот бил инспириран од Присли и Јаксон, а подоцна од Рики Мартин, Деди Јенки и Крис Браун. Тој исто така ја спомнува Ciara како негова инспирација за музика.
Личен живот Од 2020 година е во врска со шпанската пејачка Росалија. Двајцата работеле заедно на неговиот деби студиски албум, Afrodisíaco, кој бил објавен на 13 ноември 2020 година.
Дискографија
Afrodisíaco (2020) Vice Versa (2021) Saturno (2022)
Филмографија
Sky Rojo (2023)
Тури
Фантазијас турнеја (2020) Светска турнеја Рау Алехандро (2021) Турнеја Vice Versa (2022) Светска турнеја Saturno(2023)
Надворешни врски
Rauw Alejandro at AllMusic Rauw Alejandro at CMTV
Наводи
Категорија:Статии со hCards Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1993 година