Град, често членувано Градо Градот, Градут или Крепоста (, Γκρατ, Γκράδο) — античка населба и средновековна тврдина чии остатоци се наоѓаат над селото Нестрам во Костурско, Егејска Македонија.

Местоположба Тврината е сместена на врвот на мал зремнет рид веднаш источно од маалото Горнени и северно од маалото Долнени, на висина од 1.017 м. На малата висорамнина е изграден параклисот „Св. Троица“, каде секоја година се празнува Духовден.

Историја Во тврдината има остатоци од одбранбени бедеми, станбени објекти и водовод. Мештаните сметале дека му припаѓала на Самуиловииот војсководец Несторица, со чие име е поврзано и друго предание за името Нестрам.

Во месноста Лоско под ридот се пронајдени поголем број округли плочки од хипокаустни столбови за бања, клинени цевки за аквадукт, столбови, капители, монети и други археолошки артефакти кои се чуваат во општинската археолошка збирка. Тоа ја поткрепува хипотезата дека станува збор за населба со Хиподамов уличен план. Тоа според грчки податоци е Град.

Нестрамецот Кирил Радев напишал за тврдината:

Во 1995 година во Градо, при работа по селски пат случајно е откриен мозаичен под со геометриски украси. Есента истата година се спроведени проучувачки ископувања со кои се најдени остатоци од ѕидови и керамика. Мозаикот е израбботен од мермерни и сини камчиња. Датирањето е отежнато поради малата површина и застапените украсно-геометриски кои се повторуваат на многу мозаични подови од III до VI век.

Наводи

Категорија:Тврдини во Егејска Македонија Категорија:Археолошки наоѓалишта во Егејска Македонија Категорија:Нестрам