Георги Ковачев ( — во ) — македонски револуционер.
Животопис После извршениот деветојунски вооружен ноќен преврат изведен под директиви на Царот Борис III, од страна на организацијата на офицерите "Воениот сојуз" со учество и на ВМРО Автономистичка предводена од Тодор Александров и Александар Протогеров, четниците на Тодор Александров од полицијата имале дозвола кого сакаат да вадат од затвор, а при тоа ги ликвидирале на непознати места. Во издавањето на овие наредби главно учество земал зетот на Тодор Александров - Михаил Монев (кого Македонците го нарекувале „Црниот Монев“), тутунскиот трговец од Неврокоп Стојан Филипов, како и Анго Попов (наречен делибаша) кој бил назначен за пункотв началник на ВМРО (Автономистичка) за Пловдив.
Летото 1923 година, царските автономисти Анго Попов и Лико Манов го извадиле од Пловдивскиот затвор Георги Ковачев. Тие му го предале на „војводата“ Келпеков, кој го однел во непознат правец и го убил бидејќи не ги признавал царските агенти Тодор Александров и Александар Протогеров за револуционери.
Белешки
Наводи
Категорија:Убиени по наредба на Тодор Александров