„Лелејска гора“ — југословенски филм од 1968 година во режија на Здравко Велимировиќ. Главните улоги ги играат: Слободан Димитријевиќ, Миливоје Живановиќ и Јоже Зупан.Лелејска гора (пристапено на 5.2.2023) Филмот е снимен според истоимениот роман на Михаило Лалиќ.
Синопсис Ладо Тајовиќ, по партиска задача заминува во родното место во Црна Гора за илегално да ја шири пропагандата за ослободителното движење. Опкружен со непријателите од сите страни, вечно буден за да ги избегне стапиците, Ладо се бори против луѓето кои се кукавици и подготвени на предавство, а истовремено се бори против сопствените искушенија и халуцинациите од кои страда за време на самотијата. Иако истрајно ги почитува партиските директиви, во еден миг тој му подлегнува на искушението и добива нагон за одмазда...
Наводи
Категорија:Југословенски филмови Категорија:Филмови на српскохрватски јазик Категорија:Филмови од 1968 година Категорија:Филмови на Здравко Велимировиќ Категорија:Филмови засновани на романи Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Црна Гора Категорија:Филмови за Втората светска војна Категорија:Филмови со Слободан Димитријевиќ Категорија:Филмови со Миливоје Живановиќ Категорија:Филмови со Столе Аранѓеловиќ Категорија:Филмови со Јоже Зупан Категорија:Филмови на Космет филм Категорија:Филмови со Анка Зупанц