мини|268x268пкс|Скица од пенула. Пенула (латински: Paenula) или касула (casula) ― наметка што била носена од античките Римјани, слична на пончо (т.е. големо парче материјал со дупка низ која поминувала главата, висејќи во големи набори околу телото). Таа првично била носена само од робови, војници и луѓе со низок степен; во 3 век, сепак, таа била прифатена од страна на модните луѓе како пригодна наметка за јавање или патување, и конечно, со збирниот закон од 382 година (Теодосиев законик (Codex Theodosianus) xiv. 10, 1, de habitu ... intra urbem ) било пропишано како правилна секојдневна облека на сенаторите, наместо воената кламида. Потоа, тогата била резервирана за државни прилики.

Поврзано

Абола Казула Палиум Фелон

Наводи

Категорија:Римска облека