Тошо Филиповски ( во Кочани) — македонски музички новинар.
Животопис Уште во средношколските денови во Кочани, во 1986 година, тој го основал пионерскиот хардкор-бенд „Die Himmelstrasse“. По враќањето од војска и по доаѓањето на студии во Скопје, тој започнал со својот музички активизам насочен кон развојот на македонската, пред сѐ андерграунд сцена. На преминот од 1989 во 1990 година, го публикувал првиот македонски музички фанзин, „Тешкото“, а со почетокот на новата декада започнал да се појавува и со повремени написи во „Студентски збор“, „Млад борец“, „Тротоар“, „Метро“, „Џоинт“.
Во периодот од 1996 до 1997 година, тој бил главен уредник на музичкиот магазин „Град“.
Од 1992 до 2001 година бил организатор на пет изданија на музичкиот „Underground Festival“, единствениот таков интернационален фестивал во Македонија во тој период сѐ до 2009 година, промовира и многубројни концерти на домашни и на странски панк-рок и хардкор-состави.
Од 1990 година започнува и неговиот медиумски, пред сѐ радиоангажман, со неколку специјализирани емисии за македонска музика. Најпрво на Младинското радио „Клуб 100“, потоа на Студентското радио, и најдолго на „Канал 103“, а со краткотраен ангажман ќе биде и на брановите на „Радио Равел“.
Во периодот 1994 - 1997 година ќе се потпише како автор на култната музичка емисија „Досие" на ТВ Сител, која ќе доживее 77 изданија. Од пролетта 1997 до есента 1998 година, на ТВ Телма, со сличен концепт за популаризација и за афирмација на македонската рок-сцена, ќе биде автор на емисијата „За македонцката музика".
Од 1994 до 2011 година, неговата издавачка куќа „Корпус Деликти Рекордс“ објавувала десетина касети и цедеа на македонски бендови.
За време на својот ангажман [1998 - 2005) во Центар за изведувачки уметности „Мултимедиа“, го иницира еднодневниот уличен проект, протест во движење со име „Преку таквото“, одржан на 01.10.2001, кој претставува еден од првите организирани изблици на пацифистичкиот граѓански активизам на македонската рок-сцена.
Во 2002 година, како дел од заедничкиот тим на ЦИУ „Мултимедиа“ и на „Литиум Рекордс“, го организира првиот музички фестивал на отворено во Македонија, „Аларм“.
По некоја година, извесен период ќе работи и во „Литиум Рекордс“, како промотор на музичките настани во организација на издавачката куќа. Во првата декада од новиот милениум работи и како менаџер на „Кинг Наат Велиов & Original Kočani Orkestar“.
Повеќе од 30 години е активен и стравствен собирач на музички артефакти, изданија и на информации за македонската рок-сцена. Тој активно работел на создавање услови за отворање на рок-музеј односно центар за истражување, архивирање и промовирање на македонската рок-музика.
Хроничар на времето.
Награди Тошо Филиповски е добитник на највисоката државна награда „Мито Хаџивасилев – Јасмин“ за остварување во областа на публицистиката примена на 21 декември 2021 година доделена во свечената сала на Собранието на Република Македонија.
Публикации
Ги има напишано и издадено следниве книги: Име на книгаГодина на издавањеМакедонска рок енциклопедија2018 годинаМакедонска дискографија – винили 1958-20192019 годинаМакедонски рок-времеплов2021 годинаМизар - Откровенија 1981-20212022 година
Винилни компилации: Име на компилацијаГодина на издавањеИма ли забава? - Macedonian New Wave 1981 - 1985 Vol.12019 годинаMacedonian new wave vol.2 1979-19872022 годинаMacedonian Dark Wave 1985-19892022 година
Наводи
Категорија:Родени во 1969 година Категорија:Македонски новинари Категорија:Македонски уредници Категорија:Македонски музичари Категорија:Македонски собирачи Категорија:Југословенски новинари Категорија:Југословенски музичари Категорија:Југословенски Македонци