Градишта или членувано Градиштата (, Γκραντίστατα) — средновековна тврдина кај селото Кономлади, Костурско, Егејска Македонија.

Местоположба Остатоците од тврдината се наоѓаат во западниот дел на планината Вич, на 4 км западно од селото Кономлади, над месноста Свети Ѓорѓи по патот за Брезница. Тврдината го чувала патот низ Кономлади за Лерин, како и тој по течението на Рулска Река од Костур за Горица (денешна Албанија).

Опис Утврдената населба била важен рударски центар на областа Орестида, и на многу места се гледаат остатоци од преработка на железна руда.

Археологот Николаос Муцопулос го запишал месното предане во Кономлади за златната плоча на тој замок, изгубеното богатство, скриено по опсада, кое ќе биде откриено на местото осветлено од првиот сончев зрак. Според податоци на Муцопулос запишани во Кономлади, жителите на селото се преселиле на местото на денешно Кономлади по доживеаната несреќа во средновековната или античка населба во тврдината Градишта.

Наводи

Категорија:Тврдини во Егејска Македонија Категорија:Археолошки наоѓалишта во Егејска Македонија Категорија:Костур (општина)