Градишта, Кале или Габрешко кале (, Κάλε, Καϊλάς) — средновековно утврдување кај Габреш, Костурско, Егејска Македонија.

Местоположба Остатоците од тврдината се наоѓаат на Д’мбенска Планина меѓу селата Габреш и Брезница. Има визуелна врска со тврдината Градишта на југ. Сместена е над десниот брег на Рулска Река, близу параклисот „Св. Антониј“, и го штитела патот крај неа.

Опис Утврдувањето е искривен трапез со квадратна кула. Друга квадратна кула е во допир со западната ѕидина. Археологот Николаос Муцопулос смета дека бедемската структура на Габрешкото кале ги покажува сите конструктивни особености на Јустинијановото градителство, но претпоставува дека на тоа место треба да имало античко утврдување поради најдената монета на Александар Македонски и делови од римски садови од Антониј Керамопул во поширокото подрачје.

Наводи

Категорија:Тврдини во Егејска Македонија Категорија:Археолошки наоѓалишта во Егејска Македонија Категорија:Д’мбенска Планина