мини| Реконструкција на римскиот орел. XIX легија („Деветнаесетта легија“; латински: Legio XIX) ― легија на императорската римска војска. Бил уништен во 9 н.е. во Битката кај Тевтобуршката Шума. Амблемот на XIX-тата легија е непознат, но веројатно бил јарец како и другите легии што биле под власт на Август.
Историја Била основана во 41 или 40 п.н.е од Август. Нивната прва задача била на Сицилија каде Секст Помпеј, синот на Помпеј, водел бунт. Овој бунт го загрозувал снабдувањето со жито на Рим и му требал остар одговор.
Во 30 п.н.е., ветераните од XIX легија биле населени во близина на Пиза, и потоа, остатокот од легијата бил распореден на границата на Рајна со основен камп кај денешен Келн. XIX легија учествувала во германските походи на Друс (13–9 п.н.е.) и на Тибериј (8–5 п.н.е.). До 5-та година п.н.е., Германија била римска провинција и Публиј Квинктилиј Вар бил назначен за управник.
Легијата можела да биде стационирана во денешен Дангштетен. Можно е причината поради која легијата била стационирана овде е да го контролира блискиот римски пат.
Во 9 септември н.е., Арминиј, водач на Херуските и римски сојузник, поставил стапица. Тој пријавил голем бунт на едно од западните племиња и предложил враќање на управникот и на неговите легии на Рајна. Варус го прифатил предлогот и отишол со легиите XVII, XVIII и XIX. Војската била заробена во близина на денешен Оснабрик и била целосно уништена во Битката кај Тевтобуршката Шума. Помеѓу 16 и 18, Германик, водачот на војските на Рајна, ги барал остатоците од легиите. Орелот на XIX легија бил земен од Бруктерите. Во 15 н.е. војниците под команда на Лукиј Стертиниј го спасиле орелот.The Works of Tacitus, Volume 1, The Annals, London: Bohn, 1854, Book 2, chapter 25, p. 69. По нејзиното уништување, Римјаните никогаш повеќе не го користеле овој легиски број.
Поврзано
Список на римски легии
Наводи
Надворешни врски
Споменување на livius.org
Категорија:Римски легии Категорија:Воени единици и формации појавени во 1 век п.н.е. Категорија:Престаноци во 9 година Категорија:Појавено во 1 век п.н.е. во Римската Република Категорија:Појавено во 40-тите години п.н.е.